18 мај, 2024
ПочетнаСВЕТКадиров се снимаше додека крева тегови, корисниците на „Твитер“ му се потсмеваат...

Кадиров се снимаше додека крева тегови, корисниците на „Твитер“ му се потсмеваат за тежината(ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видео од чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, на кое тој ја демонстрира својата сила.

На клупа во јавен парк Кадиров крева навидум тешки тегови и длабоко воздивнува додека двајца луѓе го снимаат. Секако, видеото набргу стана вирално откога некои Украинци забележаа колку вистински тежат тие.

„Кадиров сакаше да ја импресионира публиката покажувајќи на прв поглед дека крева голема тежина. Единственото нешто што го заборави е дека се гледа оти секоја тежина тежи само пет килограми. Вкупно 80 невпечатливи килограми! Каков Рамбо, нели?“, стои во описот на видеото, кое беше споделено на интернет.

Набргу следуваа коментари исправајќи ги наводите во твитот и тврдејќи дека овој политички моќник сепак не е толку моќен.

„Има седум тега по пет килограми на секоја страна, што значи дека тој подигнал вкупно 70 плус шипката, која во просек тежи 20. Така, тој крева околу 90, што е сепак прилично слабо за ваков ‘силник’“, изјави еден коментатор, пренесува „Јутарњи лист“.

Ниту другите не беа импресионирани:

„Со моите 100 килограми можам да кревам повеќе по неколку недели во сала за вежбање, а јас сум просечен канцелариски човек, кој не вежба, едноставно, не сум дебел како него“, „Повеќе е Хамбо од Рамбо “, коментираат тие за чеченскиот лидер поддржан од Кремљ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП