28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈААпликацијата која повеќето корисници сакаат да ја избришат од својот телефон?

Апликацијата која повеќето корисници сакаат да ја избришат од својот телефон?

Денешните паметни телефони се преполни со различни апликации и корисниците повремено одлучуваат да ги исчистат своите уреди за да ги средат, но и да се ослободат од некои апликации кои или не ги користат или имаат негативно влијание врз нив бидејќи поминуваат премногу време на нив, итн.

Одговорот на прашањето кои апликации повеќето корисници сакаат да ги избришат од своите телефони го дадоа експертите за сајбер безбедност од „VPNOverview“.

Нивното истражување се заснова на „гуглање“, односно пребарување на термини за бришење апликации од телефонот, при што треба да се нагласи дека резултатите се однесуваат само на САД.

И тие резултати се интересни. Имено, апликацијата која повеќето корисници сакаат да ја избришат од својот телефон е и една од најпопуларните – „Instagram“. Во текот на шесте месеци додека беа следени пребарувањата, забележани се околу 900.000 пребарувања за „како да се избрише“ или „како да се деактивира“ оваа социјална мрежа.

Лошата вест за Марк Цукерберг е што втората апликација на оваа листа е исто така на „Meta“ и тоа е „Facebook“ – бришењето од телефонот го пребарувале повеќе од 385.000 луѓе. На трето место е „Snapchat“, мрежа омилена меѓу младите, а повеќе од 215.000 луѓе барале начини како да ја избришат и деактивираат.

На оваа листа е и „Twitter“. По преземањето на компанијата од Маск, многу се зборуваше за тоа колку корисници размислуваат да ги затворат своите сметки на мрежата и да се свртат кон алтернативи. Податоците од „VPNOverview“ покажуваат дека во последните шест месеци, околу 92.000 корисници барале термини поврзани со бришење на „Twitter“.

На петтото место со нешто помалку од 25.000 пребарувања е „Telegram“.

Една од причините зошто апликациите на „Meta“ се на првите две места, според „CNBC“, е тоа што тие се апликации кои се веќе на повеќето телефони. Минатата година, „Instagram“ го зазеде второто место по бројот на преземања на глобално ниво со речиси 550 милиони, додека пред мрежата на „Meta“ беше „TikTok“ со 672 милиони.

Дополнително, најновите истражувања укажуваат на зголемената недоверба на корисниците кон популарните социјални мрежи е поради ширење на дезинформации, злоупотреба, фишинг, проблеми со приватноста и друго.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП