27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМоже ли букетот цвеќе за 8ми март да биде компезација за сите...

Може ли букетот цвеќе за 8ми март да биде компезација за сите нееднаквости на родова основа?!

Во 2023 година, се уште не само во Македонија туку насекаде во светот се зборува за подобрување на женските права и подигнување на нивото на родовата еднаквост. Каков е статусот на жената во ова модерно и брзо време на живеење, што велат податоците, дали се уште има машки и женски професии, која е причината што во многу компании жената е помалку платена од мажот а се на иста позиција. Колкав е процентот на жени кои се на високи менаџерски позиции, колку се лидери на политички партии, премиерки или претседателки на држави. Ваквите состојби мора да се менуваат од корен, од свеста на луѓето, од самото детство кога се учат основните правила и принципи во животот.

Последните податоци на Светскиот економски форум покажуваат дека во однос на родовиот јаз потребни се неверојатни 257 години за да се намали јазот во економското учество на жените. Извештајот за родовиот јаз ја опишува разликата помеѓу јазот во платите и јазот во приходите. Јазот во платите е јазот помеѓу начинот на кој жените и мажите се платени на слични позиции. Ова е лесно да се забележи и лесно да се поправи во организациите кои се посветени на правична плата. Јазот во приходите е разликата во вкупните плати заработени од жените наспроти мажите. Кога повеќе мажи отколку жени имаат повеќе високи улоги во една организација, постои јаз во приходите. Единствениот начин да се реши ова е да се постигне застапеност 50/50 на секое ниво на организацијата.

„За жал, ова не е изненадување. Пристрасноста, често во форма на лажни наративи за жените, продолжува да се вкоренува во работните места, нашите политики и нашите дискусии за жените и како да се подобрат позициите. И покрај сите докази за спротивното, премногу луѓе на власт сè уште веруваат дека митовите за тоа како жените немаат амбиција, немаат самодоверба, мораат да носат поголем дел од товарот дома, се откажуваат од големите улоги и дека нема доволно жени во плановите за зголемување на застапеноста. Лидерите на врвот на нашите организации, мажи и жени – заедно со менаџери за човечки ресурси, надворешни консултанти, па дури и самопрогласени застапници за родова еднаквост продолжуваат да ги зајакнуваат овие застарени и отфрлени поими.“ смета Габриела Кулебанова Потпретседател на Сојуз на стопански комори на Македонија.

Дилемата која Кулебанова денеска ја испраќа во јавноста гласи: „Што ако признаеме дека родовата нееднаквост треба да се поправи, но жените не треба да се поправат?“ Доколку се промени начинот на размислување може да се промени се.

„Како лидери и носители на одлуки, гледаме само дел од сликата наместо вкупниот пејзаж. Ова го ограничува начинот на кој дејствуваме, реагираме, веруваме и се однесуваме. Тоа ја ограничува нашата ефикасност. Во случај на родова еднаквост, треба да ги провериме нашите слепи точки за да можеме да ја видиме вкупната слика. Само така ќе престанеме да одиме наназад и да почнеме да напредуваме. Ајде да ги земеме политиките на работното место, како еден пример. Многу компании презедоа чекори за подобрување на породилното отсуство. А сепак, родовиот јаз на работното место продолжува да расте. Зошто? Бидејќи породилното отсуство е точка на пресврт во кариерата што уникатно влијае на жените“, додава Кулебанова.

Големи разлики има и во платите помеѓу мажите и жените и во случај кога станува збор за исти професии или исти позиции во фирмата. Јазот во приходите е разликата во вкупните плати заработени од жените наспроти мажите. Кога повеќе мажи отколку жени имаат повеќе високи улоги во една организација, постои јаз во приходите. Единствениот начин да се реши ова е да се постигне застапеност 50/50 на секое ниво на организацијата.

Официјалните податоци велат дека реткост е во светот жена да биде на високите позиции во големите коорпорации. Само 15 отсто жени има на чело на најголемите компании на глобално ниво. Во политаката пак, 25 отсто од пратениците во светот се жени, а од речиси 200 држави само 30 имаат жена претседателка или премиерка на државата.

Конкретно во Македонија на пазарот на труд, активно население има нешто над 800 илјади лица. Од нив 470 илјади се мажи а 330 илјади се жени. Вработени се без малку 400 илјади мажи и речиси 300 илјади жени.

Од Платформата за родова еднаквост најавија дека денеска со осмомартовски марш ќе порачаат дека мора да се подигне гласот против како што велат колективната негрижа кон жените и девојките, дополнително со зголемени стапки на насилство, фемицидот, социјални и здравствени неправди и економска несигурност.

Овој ден треба да носи масовни протести како и политички активизам кои ќе имаат за цел дека треба да се слушне и да се почитува гласот и мислењето на жената. Инаку, пред 46 години Генералното собрание на Обединетите нации усвои предлог со кој се прогласи ден за прославување на правата на Жените и Меѓународниот мир. Неколку години подоцна, во Данска и официјално 8ми март е прогласен за Ден на жената.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП