16 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРФМ ги одреди премиите: За три победи во групата – 60.000 евра

РФМ ги одреди премиите: За три победи во групата – 60.000 евра

Македонската ракометна репрезентација е подготвена за стартот на Светското првенство. Избраниците на Кирил Лазаров ќе играат во Краков, а се наоѓаат во група со Норвешка, Холандија и со Аргентина.

РФМ ги одреди премиите за ракометарите за пласман во следната фаза од Мундијалот.

Максималната премија која ракометарите можат да ја добијат е 60.000 евра, а истата ќе ја поделат доколку групната фаза ја завршат со три победи.

За две победи и заверување пласман во главната рунда ќе бидат наградени со 45.000 евра, а една победа и пласман во главната рунда ќе им донесат 30.000 евра.

Македонските ракометари за Краков патуваат утре, а веќе следниот ден, на 13. јануари, го играат првиот меч против селекцијата на Норвешка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП