26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал го „мерка“ Де Геа

Реал го „мерка“ Де Геа

david de gea

Реал Мадрид има во план во јануарскиот преоден рок да го ангажира голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа.

Оваа вест ја објави шпанскиот весник „El Сonfidicial“, кој се повикува на доверливи извори од таборот на Реал.

Во истиот весник се наведува дека „кралевите“ сакаат да го искористат фактот дека клубот моментално се наоѓа во одлична финансиска позиција, па сака со ангажирањето на Де Геа да го реши проблемот со голманите на подолго време.

Реал веќе има три голмани, Диего Лопез, Икер Касилјас и Хесус Фернандез, но се претпоставува дека Касилјас наскоро би можел да го напушти клубот поради малата минутажа.

Истиот извор наведува дека Реал веќе ова лето сакале да го ангажираат Де Геа, но немало официјални преговори меѓу двата клуба.

Останува да видиме дали во овие шпекулации има и вистина, но тешко е да се поверува дека Јунајтед така лесно ќе се откаже од одличниот голман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП