27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИКЕА нуди куќа за 1.000 долари

ИКЕА нуди куќа за 1.000 долари

ikea112

Компанијата ИКЕА во соработка со УНХЦР, по две години истражување, е подготвена за масовно производство на овие евтини куќи кои ќе чинат само 1.000 долари

За реализација на оваа хумана идеја, ИКЕА потроши 4,5 милиони долари.

Инженерите и дизајнерите на шведската компанија ја дизајнираа оваа евтина куќа, која на корисниците ќе им биде доставена во делови, така што тие сами ќе треба да ја комплетираат.

Во кутијата во која ќе биде испорачана оваа куќа ќе биде вметнат и целиот потребен алат за нејзиното склопување. Целта е на сите бегалци во светот да им се обезбеди подобро и потрајно живеалиште од шаторите кои се моментално во употреба, но се очекува наскоро и да стане начин на живот во многу земји.

ikea111

По повеќе од две години истражување и дизајн во партнерство со УНХЦР (Високиот комесаријат за бегалци на ОН), новата куќа е подготвена за масовно производствo.

За разлика од шест–месечниот век на траење на шаторите во бегалските кампови, кои чинат од 70-400 долари, куќата на ИКЕА без проблем ќе трае три години и предвидената цена по почетокот на масовното производство изнесува околу 700 долари.

Производство на новите куќи,  кои треба да се достават во четири кутии тешки 100 кг, сега чини повеќе од 5.000 долари, но на пазарот веќе има вакви куќи и од 1.000  долари во кои може да се смести едно семејство од пет члена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП