среда, 4 октомври 2023
ПочетнаСПОРТБИЗСелекторот на Аргентина случајно ја доби работата, сега е светски првак

Селекторот на Аргентина случајно ја доби работата, сега е светски првак

Лионел Скалони е стратег кој со своите избраници ја искачи Аргентина на врвот на фудбалскиот свет, но неговото присуство во финалето беше во најмала рака неочекувано.

Во 2018 година Скалони беше само помошник во репрезентацијата на Аргентина, додека Хорхе Сампаоли беше селектор.

Скалони, сепак, брзо стана миленик во соблекувалната на фудбалската репрезентација на Аргентина и беше автор на една од најдолгите победнички серии во меѓународниот фудбал.

Под негово водство, Аргентина забележа 36 победи во низа, кои започнаа во 2019 година, а страшната серија ја прекина Саудиска Арабија во групната фаза на Светското првенство во Катар.

Инаку, рекордот на непобедливост го држи италијанската репрезентација која не загуби 37 натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП