19 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛуис Енрике: Одговорноста е моја, од следната недела ќе разговараме за иднината

Луис Енрике: Одговорноста е моја, од следната недела ќе разговараме за иднината

Селекторот на Шпанија, Луис Енрике, вели дека одговорноста за елиминацијата од Мароко во осмина-финалето на Светското првенство во Катар е негова. Најави дека од следната недела ќе има разговори за неговата иднина на селкторската позиција.

„Пеналите скапо нѐ чинеа. Жал ми е за тие што не играа. Одговорноста е моја бидејќи ги избрав првите тројца изведувачи, играчите одлучија за другите. Не стигнавме ниту до четвртиот. Боно беше одличен во пеналите. Дадовме 100 проценти. Честитки за Мароко за победата. Жал ми е за навивачите што нѐ поддржаа“, рече Енрике.

Енрике беше прашан за неговата иднина на клупата на Шпанија.

„Не е време за тоа прашање. Нетрпелив сум да се вратам дома. Претпоставувам дека од следната недела ќе разговараме за иднината“, изјави шпанскиот селектор.

Мароко обезбеди пласман во четврт-финалето по изведувањето пенали. Претходно, во регуларните 90 и во дополнителните 30 минути немаше голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП