26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКои се најскапите репрезентации на светското првенство во фудбал

Кои се најскапите репрезентации на светското првенство во фудбал

Англија, која се бори за втор трофеј на Мундијалот, ја има најскапата репрезентација на Светското првенство во Катар, а на врвот на листата од околу 800 играчи е Џуд Белингем.

Според студијата на швајцарската истражувачка група опсерваторија Фудбал, вредноста на репрезентацијата на Англија, кога се гледаат трансферите, изнесува околу 1,54 милијарди долари. Само Белингем се проценува на околу 210 милиони долари.

Бразил е на второто место, со вредност на играчите околу 1,5 милијарди долари. Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор се проценува на околу 208 милиони долари.

Франција е трета највредна репрезентација која се проценува на околу 1,4 милијарди долари. Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе е нивниот најскап играч, чиј трансфер се проценува на околу 192,6 милиони долари.

Четврта е Шпанија со репрезентација вредна 1,25 милијарди долари, Португалија со 1,2 милијарди и Германија со 1,6 милијарди долари. Во ова истражување беа споредени вредностите на 2.000 трансфери на играчи во петте најголеми европски лиги, од 2012 до 2021 година.

Хрватска е на 11. место со 377 милиони евра, додека српската репрезентација е 12. највредна репрезентација на Светското првенство со 359,50 милиони евра.

На последното место, на 32. место е селекцијата на Катар, која вреди 14,9 милиони евра.

Вкупната вредност на сите репрезентации на Светското првенство во Катар се проценува на 15,6 милијарди долари.

Лојд од Лондон и Центарот за економија и бизнис истражувања го објавија своето рангирање на тимови врз основа на вредноста на полисите за осигурување на играчите. На листата прва е и Англија со вкупна вредност од 3,74 милијарди долари. Франција вреди 3,2 милијарди долари, а Бразил 1,3 милијарди долари. Белингем е најценет играч овде, а потоа следат Мбапе и Винисиус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП