27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина: Протести против мерките за ковид по смртоносниот пожар во градот Урумчи

Кина: Протести против мерките за ковид по смртоносниот пожар во градот Урумчи

По пожар во станбен блок во кој загинаа десет лица, на социјалните мрежи во Кина беа споделени видеа од протести против мерките за ковид.

Жителите на градот Урумчи се судрија со властите, пробивајќи ја заштитната ограда и извикуваа „стоп за заклучување поради Ковид“.

Бројот на заразени соборува нови рекорди за Кина, и покрај строгата политика на нула ковид.

Властите на Урумчи ветија дека мерките ќе бидат постепено укинати – но негираат дека ги спречиле луѓето да избегаат од пожарот во четвртокот.

Во овој главен град на западниот регион Ксинџијанг мерките се во сила од почетокот на август.

Еден од жителите по пожарот за Би-Би-Си изјави дека луѓето кои живееле во зградите зафатени од пламен биле спречени да ги напуштат своите домови.

Кинеските државни медиуми ги негираат ваквите наводи.

Сепак, властите во Урумчи издадоа необично извинување во петокот – ветувајќи дека ќе го казнат секој што ги избегнува своите должности.

Снимката споделена во петокот покажува дека жителите, од кои многумина носат маски, се собираат на улиците во текот на ноќта.

Тие викаа, кренаа тупаници во воздух и се расправаа со властите. Локацијата на протестот ја потврди и новинската агенција Ројтерс.

Еден од демонстрантите извикуваше преку мегафон, а на друго видео се гледа како толпата ја пробива заштитната ограда која ја надгледуваат градските работници во заштитна опрема.

Снимки во живо, кои новинарите на Би-Би-Си ги гледаа, покажаа демонстранти како се собираат на скалите на градското собрание.

Интернетот во Кина е силно цензуриран, а сè што е поврзано со протестите во Урумчи беше избришано до сабота наутро.

Локалните медиуми објавија дека пожарот во четвртокот – во кој исто така беа повредени девет лица – бил предизвикан од електричен дефект.

Имаше и објави на социјалните мрежи во кои се тврди дека пожарникарите не можат да пристапат до зградата поради мерките за ковид.

Надлежните ги негираат ваквите наводи и велат дека виновни се паркираните автомобили бидејќи пожарникарите не можеле да се приближат до огнот.

На прес-конференција во саботата, тие најавија дека постепено ќе го ублажат заклучувањето во областите со низок ризик во градот.

Тие не се осврнаа на демонстрациите, туку рекоа дека бројот на случаи на ковид е намален и дека ќе се воспостави „ред“ во животите на жителите.

Протести од големи размери се ретки во Кина, иако имаше јавно негодување поради политиката на Пекинг за нулта ковид.

Од земјите со најголема економија, само Кина се уште има такви мерки во сила, главно поради ниското ниво на вакцинација и заштита на старите лица.

Но, заклучувањата предизвикуваат гнев и насилни протести низ целата земја – од Женгжу до Ганжу.

И покрај строгите мерки, бројот на случаи на ковид во Кина достигна рекордно високо ниво од почетокот на пандемијата.

Регионот Ксинџијанг е дом на многу припадници на малцинството Ујгур. Кинеската влада е обвинета за кршење на човековите права на оваа заедница – што таа го негира.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП