четврток, 8 декември 2022
ПочетнаСПОРТБИЗСемејството Глејзер бара 5 милијарди долари за Манчестер јунајтед

Семејството Глејзер бара 5 милијарди долари за Манчестер јунајтед

Американските газди на Манчестер јунајтед, семејството Глејзер, решија да го стават клубот на продажба. Ова семејство пред 17 години го купи клубот.

„Скај спорт“, пренесува дека семејството Глејзер наскоро и официјално ќе закаже состаноци поврзани со продажбата на еден од најголемите клубови во светот.

Сопствениците на Јунајтед се консултираат со банкари и инвеститори, а во игра е целосна или делумна продажба или стратешко партнерство со трета страна.

Сè уште е рано да се каже кој ќе победи на таа трка, во која ќе биде важна и поддршката од симпатизерите на клубот собрани во „Manchester United Supporters’ Trust“ (MUST), кој излезе со соопштение за медиумите.

„Синоќешната објава на Манчестер јунајтед дека клубот е на продажба ги потврди информациите кои ги слушавме последните неколку дена. Во последните 17 години, навивачите на Манчестер јунајтед се ужаснати од однесувањето на сопствениците кон клубот. Во тој период сведоци сме на падот на играчите на Јунајтед и дотраеноста на нашиот стадион. До неодамна отсуствуваше каков било дијалог со навивачките групи. Иако долго време баравме промена, промените мора да одат во вистинската насока. Во овој момент на нашиот клуб му треба нова инвестиција повеќе од кога било. А тоа бара нови сопственици. Секој иден сопственик или инвеститор мора да биде посветен на културата, духот и најдобрите традиции на клубот. Тие мора да бидат подготвени да инвестираат за му ја вратат на Јунајтед некогашната слава. Парите мора да бидат инвестирани во нови ихрачи и во ренорвирањето на стадионот“, се вели во соопштението на навивачите.

Семејството Глејзер бара 5 милијарди за Манчестер Јунајтед, чија вредност се проценува на 4,25 милијарди долари.

Но, можно е прво да се обидат да најдат купувач кој е подготвен да плати до девет милијарди долари.

Сепак, Манчестер Јунајтед не е ниту меѓу десетте највредни тимови, а листата на Форбс изгледа вака:

1. Далас Каубојс, НФЛ – 7 милијарди
2. Њујорк Јенкис, МЛБ – 6 милијарди
3. Њујорк Никс, НБА – 5 милијарди
4. Барселона, Ла Лига – 4,76 милијарди
5. Реал Мадрид, Ла Лига – 4,75 милијарди
6. Голден Стејт Вориорс, НБА – 4,7 милијарди
7. Лос Анџелес Лејкерс, НБА – 4,6 милијарди
8. Денвер Бронкос, НФЛ – 4,5 милијарди
9. Њу Ингланд Петриотс, НФЛ – 4,4 милијарди
10. Њујорк Џајантс, НФЛ – 4,3 милијарди
11. Баерн Минхен, Бундес лига – 4,2 милијарди
12. Манчестер Јунајтед, Премиер лига – 4,2 милијарди

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП