20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАТешки времиња за социјалните мрежи... Дали умираат? (ВИДЕО)

Тешки времиња за социјалните мрежи… Дали умираат? (ВИДЕО)

Поради масовните отпуштања во Мета, Твитер и Амазон, прашање е дали социјалните мрежи и интернет конгломератите ќе останат такви какви што ги знаеме.

„Ни претстојат тешки времиња доколку не најдеме нови начини да дојдеме до пари“, ги предупреди вработените новиот сопственик на Твитер, Илон Маск.

Ниту кај најголемиот конкурент „Мета“ не цветаат рози од лансирањето на новата платформа „Метаверс“, во која само при почетниот развој беа вложени десет милијарди долари. Илон Маск дури „дебатира“ дали да воведе кориснички такси.

Кога Маск го презеде Твитер, се очекуваше заживување на таа социјална мрежа. Најбогатиот човек на светот набрзо сфатил дека инвестицијата од 44 милијарди долари нема да му ги врати вложените пари преку ноќ. Маск најави дека во иднина ќе се наплаќа за проверка на профилот, а тоа го загрижи дури и Пентагон.

„Твитер е огромна платформа со многу голем досег. Се менува од ден на ден, и ќе мораме да се прилагодиме на тоа. Така што сè уште немам одговор за вас, не знам што ќе се случува со нашите лични профили или профилите на високи лидери. Тоа е нешто на што работиме“, рече Сабрина Синг, заменик-секретар за печат на Пентагон.

Еден од начините за финансирање на Твитер е преку реклами. Откако Маск ја презеде таа платформа, рекламирањето падна за дваесет проценти, а се проценува дека тој број ќе продолжи да расте. Зошто корисниците се одлучуваат на прво место да го понудат својот производ преку социјалните мрежи?

Тоа е дефинитивно најевтината форма на рекламирање, особено во споредба со традиционалните форми на рекламирање, и неверојатно е колку луѓе можат да ја видат вашата објава, реклама, што и да понудите за многу малку пари..

Иако цената на ваквото рекламирање е пониска, зголемената конкуренција влијае и на финалната сума на вложените пари.

Дефинитивно, сега рекламите се поскапи. Тие поскапуваат како што се појавуваат повеќе огласувачи и инвестираат повеќе пари и затоа на мал огласувач му требаат речиси двојно повеќе пари во споредба со периодот од пред две години, да речеме..

Ниту најголемиот ривал на Маск, МЕТА, не е во завидна позиција. Нејзиниот основач, Марк Цукерберг, јавно објави дека тој е најодговорниот за моменталната состојба на компанијата, во која повеќе од 10.000 луѓе останаа без работа по лансирањето на платформата METAVERS.

Не би рекле дека Инстаграм и Фејсбук умираат.

Вниманието на луѓето се префрли од гледање испеглани слики од одмори и ексклузивни патувања, кон желбата за забава.

А покрај што го нуди токму тоа, една социјална мрежа исто така им го олесни рекламирањето на корисниците.

Тик Ток во моментов е најбрзо растечката социјална мрежа каде што можете да допрете до луѓето за 0 долари, денари, евра.

Социјалните мрежи, како и живите организми, постојано се развиваат. Ова не е крајот на нашите омилени платформи, но сигурно е дека, како што се менуваат потребите на луѓето, за неколку години Twitter, Facebook и Instagram нема ни да наликуваат на она што се денес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП