26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЕве како можете да го намалите апетитот

Еве како можете да го намалите апетитот

Ви претставуваме неколку трикови со чија помош ќе ја регулирате вашата желба за храна…

Се придржувате до одредена диета, но кога ќе огладнете не можете да го контролирате апетитот и јадете многу повеќе отколку што треба? Послушајте ги овие совети и нема да имате масни наслаги…

Обарен компир

Обарениот компир (во лушпа) секако дека би требало почесто да биде на вашето мени. Со овој начин на готвење на компирот, ќе добиете супернамирница која истовремено е богата со нутриционистички состојки и сиромашна со калории, а ќе ве задржи подолго време сити.

Масти

Мастите не би требало целосно да ги исфрлите од исхраната, бидејќи ниту една диета не е добра доколку некоја група на намирници комплетно се елиминира.

Парче месо секако дека ќе ве засити повеќе од било кое овошје или зеленчук, а тоа е секако здрава намирница (доколку внимавате на начинот на подготовка и комбинацијата со други продукти).

Вежбање

Можеби звучи чудно, но вежбањето може да го намали апетитот. На почетокот ќе предизвика засилен глад, но кога добро ќе се испотите, ќе го забрзате метаболизмот и ќе ја намалите желбата за храна.

Грејпфрут

Ова чудесно овошје ги регулира мастите и нивото на шеќер во крвта, а истражувањата покажаа дека лицата кои со секој оброк консумираат и половина грејпфрут или пијат свежо исцеден сок од грејпфрут, просечно губат и до 2 кг повеќе од оние кои не го практикуваат тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП