9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекордно купување златни прачки. Кој купува?

Рекордно купување златни прачки. Кој купува?

Во третиот квартал од 2022-ра година, светските централни банки купија рекордна количина злато од 1967 година, речиси 400 милиони тони од овој благороден метал (според податоците на Светскиот совет за злато (WGC)), што е четири пати повеќе во споредба со 2021-ва година, пренесува „Bloomberg“.

Значителен дел од златото отишол во рацете на непознати купувачи, меѓу кои можеби е и Русија, додава агенцијата.

Оваа година, вредноста на златните шипки беше под притисок од наглото зголемување на каматните стапки на Федералните резерви на САД, што ги поттикна инвеститорите во фондовите со кои се тргува да продаваат злато како средство кое не создава приход. Поддршка за побарувачката за благородниот метал, сепак, дојде од други купувачи, како што се купувачите на мало во Азија и централните банки ширум светот.

Меѓу неодамнешните купувачи се вклучија централните банки на Турција и Катар, според „Bloomberg“. Регистрирани се и набавки од институции, кои според податоците на „WGC“ претставуваат „значителен“ дел од вкупната проценка. Некои земји, вклучувајќи ги Русија и Кина, редовно не објавуваат податоци за нивното купување на злато.

„Не сите официјални институции јавно го пријавуваат своето поседување злато или тоа го прават доцна. Не можеме да ја исклучиме можноста за дополнителни неевидентирани набавки“, забележа „WGC“ во својот квартален извештај.

Од почетокот на годината, обемот на откупот на злато изнесува речиси 700 тони, при што најголемиот дел од нив се извршени во третиот квартал од годината (399 тони). Во вториот квартал се откупени 186 тони, а во првиот само 88 тони.

„И покрај силната побарувачка, цените на златото главно зависат од надворешни фактори како што се макроекономското расположение и доларот“, рече Гнанасекар Тиагарајан, директор на „Commtrendz Risk Management Services“.

Цената на златото поскапе за 0,3 отсто на 1.637,73 долари за унца, откако во понеделникот на 31-ви октомври падна за 0,7 отсто, објави агенцијата. Индексот на „Bloomberg Dollar Spot Index“ падна за 0,3%. Среброто, паладиумот и платината исто така поскапеа.

„WGC“ очекува вкупните инвестиции во злато да се намалат оваа година бидејќи падот на „ETF“ и побарувачката преку шалтер се неутрализирани со силно купување на мало.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП