2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжува соработката на македонската и француската платежна агенција

Продолжува соработката на македонската и француската платежна агенција

agencija

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја продолжи соработката со Француската платежна агенција. Протоколот за соработка вчера во Париз го потпишаа директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој     Тони Димовски, неговиот француски колега директорот на Агенцијата за услуги и плаќања Едвард Жоса и Силвиа Хубин Дедени од Национална установа за производите од земјоделството и морето на Франција.

Како што соопшти Агенцијата, со протоколот за партнерство се дефинираат меѓусебните односи меѓу страните во областа на управувањето со пазарите на земјоделските производи, директна помош за земјоделците и мерките за рурален развој, како и во областа на административната организација.

Со овој трилатерален протокол воедно се регулира размената на информации поврзани со економските перспективи за развој, како и стручна соработка во доменот на имплементација на мерките за директни плаќања во земјоделството, размена на искуство во областа на руралниот развој во Македонија и Франција, културна, едукативна, научна и техничка соработка.

Протоколот воедно е во функција на продлабочување на соработката во областа на финансиската поддршка во земјоделството и руралниот развој и пристапување на Република Македонија кон Европската Унија.

Соработката континуирано ќе се одвива преку заемни посети и средби со Француската платежна агенција и останатите институции од Република Франција, стои во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП