26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕАнксиозност и депресија: Пред да посетите психијатар, проверете дали имате недостаток на...

Анксиозност и депресија: Пред да посетите психијатар, проверете дали имате недостаток на овој минерал

Магнезиумот директно влијае на лачењето на хормонот на среќа – серотонин.

Магнезиумот е еден од есенцијалните минерали неопходни за функционалноста на мускулите, за нервниот систем, а има и огромно влијание врз нивото на концентрација и квалитетот на сонот. Ефикасно делува против несоница и го подобрува сонот.

Магнезиумот помага и за побрзо опуштање на мускулите, но и за опуштање на целиот организам. Исто така, недостатокот на магнезиум може да биде главната причина за грчеви во мускулите.

Минималниот дневен внес на овој минерал е околу 300 mg (телото апсорбира само нешто помалку од 200 mg). Сепак, високото ниво на магнезиум исто така не се препорачува бидејќи може да му наштети на здравјето.

Природни извори на магнезиум се зелен лиснат зеленчук, мешунки, интегрален ориз, житарки од цело зрно, соја и семки од сончоглед, јаткасти плодови, млечни производи, месо, риба, чоколадо со минимум 70 проценти какао, непреработена морска сол. Сепак, треба да знаете дека дури 50 до 70 проценти од овој минерал се губи со термичка обработка, како и со замрзнување храна (до 40 проценти) и рафинирање (до 99 проценти).

Препорачаната дневна доза на магнезиум за здрава возрасна жена е 350 mg на ден, а за возрасен маж, трудници и доилки е 450 mg.

Докажано е дека магнезиумот директно влијае на расположението и доколку не е доволен предизвикува анксиозност и депресија. Имено, тој директно влијае на рамнотежата на ослободување и прифаќање на хормонот на среќата серотонин и само кога ќе имаме доволно од него, се чувствуваме избалансирани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП