29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропјаните не спијат поради стравови и лоши мисли

Европјаните не спијат поради стравови и лоши мисли

На дури 78 отсто од Европејците им е тешко да спијат цела ноќ, предупредува STADA во своето здравствено истражување, кое опфати над 30.000 испитаници во 15 земји.

Спиењето е основна човечка потреба, како што се водата и храната. Третина од животот поминуваме во сон и тоа е драгоцено време за нашето тело да се заживее и да се обнови. Недоволното спиење во текот на подолг временски период може сериозно да го загрози и трајно да го оштети нашето целокупно здравје. Затоа е загрижувачки фактот дека само еден од пет Европејци спие непречено ноќе, а секој трет предупредува дека спие полошо сега отколку пред пандемијата од Ковид-19.

Белгијците имаат најмногу проблеми со спиењето, 46% од нив тврдат дека лошо спијат. По нив следат Британците, меѓу кои 8% поминуваат непроспиени ноќи, а 35% спијат лошо. Кога станува збор за Србија, 29% од граѓаните се жалат на лош сон, што е под европскиот просек од 35%. Холанѓаните спијат најдобро во Европа, односно 72% од нив својот сон го опишуваат како добар.

Секојдневните проблеми, вознемиреноста и финансиските грижи ги држат Европејците будни

Жените во Европа лежат будни и размислуваат за проблеми почесто, 38% од нив во споредба со 29% од мажите. 47% од Полјаците и 40% од Шпанците најчесто се вознемирени од секојдневните грижи. Не заостануваат ниту граѓаните на Србија, од кои 34% не можат да спијат поради секојдневни проблеми, а дури 31% поради страв и лоши мисли, што е над европскиот просек од 26%.

Сепак, анксиозноста најмногу ги мачи Италијанците, а дури 42% од нив се будни ноќе поради стравови и чувство на вознемиреност. 25% од Португалците не спијат поради парични грижи. На 21% од Британците им пречат проблеми со мокрењето, на 18% од Германците им пречи бучавата од околината, додека 17% од Французите и 16% од Холанѓаните се вознемирени од ‘рчењето на партнерот.

Предрасуди против апчиња за спиење

Европејците се поделени кога станува збор за апчиња за спиење, покажува истражувањето на STADA.

И покрај лошиот сон, 53% од Европејците одбиваат апчиња или капки за спиење.

Уште поексплицитни се Холанѓаните 61%, Чесите 61%, Романците 60% и Австријците 60%. Најголеми противници на апчињата за спиење се граѓаните на Казахстан, дури 69 отсто од нив. Стравот од можна зависност од овие препарати е особено нагласен во Чешка 25% и Казахстан 24%. Очекувањето на несакани ефекти спречува 13% од Европејците да земаат апчиња за спиење. Идејата за купување на споменатите производи е особено непријатна за граѓаните на Австрија 22% и Белгија 18%.

Во исто време, другата половина од Европејците, 47%, сесрдно ја поддржуваат употребата на средства за спиење. Шпанците се во водство со 59%, Италијанците со 58% и Полјаците со 57%. Во Србија кај нашиот северен сосед, дури 47 отсто од граѓаните споменатите препарати ги сметаат за корисни, меѓу кои 26 отсто истакнуваат дека би ги користеле само по препорака на лекар.

Производите базирани на CBD најпопуларни меѓу европската младина

Интересот за помагалата за спиење базирани на CBD, смирувачка состојка извлечена од листовите на женското растение коноп, е во силна корелација со возраста. Кај Европејците постари од 55 години, 42% можат да замислат користење на овие препарати, додека процентот е значително поголем кај оние на возраст од 18 до 34 години и изнесува 55%. Стравот од можна зависност е најчеста причина да се внимава на производите базирани на CBD, исто како и со сите други помагала за спиење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП