20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАТејлор Свифт триумфира на „Ем-ти-ви“ наградите за видео и музика

Тејлор Свифт триумфира на „Ем-ти-ви“ наградите за видео и музика

Тејлор Свифт ја освои главната награда „Видео на годината“ на синоќешната церемонија MTV Video Music Awards, награди за музички спотови што ги доделува Ем-ти-ви.

Трофејот се најде во нејзините раце за 10-минутната верзија на песната All Too Well.

All Too Well датира од 2012 година, и е еден од старите хитови кои Свифт повторно ги сними по спорот со поранешната издавачка куќа.

Таа најпрво им се заблагодари на фановите откако се качи на сцената во „Пруденшал“ центарот во Њуарк (Њу Џерси) за да ја прими наградата, 14. во нејзината кариера.

„Немаше да успееме да го снимиме овој кус филм да не бевте вие, фановите,“ рече Тејлор, додавајќи дека ќе им соопши нешто ново на полноќ.

Потоа се огласи на Инстаграм и откри дека нејзиниот следен албум излегува во октомври.

„Midnights – приказни за 13 непроспиени ноќи расфрлани низ мојот живот- излегува на 21 октомври. Се гледаме на полноќ“, напиша таа кратко по победата.

Во трката за главната награда Тејлор ги победи Доџа Кет, Дрејк, Ед Ширан, Хари Стајлс, Лил Нас икс, Џек Харлоу и Оливија Родриго.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП