недела, 2 октомври 2022
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ Банка АД Скопје прокнижи 22,7 милиони евра за половина година

НЛБ Банка АД Скопје прокнижи 22,7 милиони евра за половина година

НЛБ Банка АД Скопје за периодот јануари-јуни 2022 година оствари нето добивка во износ од 1.395.014 илјади МКД, што претставува зголемување за 23,5% во однос на остварената нето – добивка истиот период претходната година. Зголемувањето се должи на континуирани продажни активности на кредитните продукти со особен фокус кај домаќинствата, микро, малите и средни претпријатија и зголемен број на корисници на платните сервиси на Банката. Во извештајниот период Банката склучи нов договор со ЕБОР за кредитна линија од програмата за финансирање “Зелена енергија” која е наменета за инвестиции на домаќинствата во енергетската ефикасност.

Нето каматните приходи, заклучно со 30.06.2022 година се повисоки за 4,3% споредено со претходната година, при што приходите од камати се повисоки за 2,4%, главно поради повисоки каматни приходи од секторите нефинансиски правни лица и домаќинства додека расходите за камати се пониски за 13,3% главно поради пониски каматни стапки и преструктурирање на изворите во корист на средства по видување.

Нето приходите од провизии се повисоки за 3,6% споредено со претходната година, при што приходите од провизии се зголемени за 13,1% како резултат на зголемени приходи од реализирани трансакии на ПОС терминали и картично порамнување, повисоки приходи од услуги во платен промет во земјата и странство и повисоки приходи од водење трансакциски сметки. Расходите за провизии се зголемени за 27,3%, главно поради повисоки расходи од картично работење кон меѓународните картични системи а во помала мера поради зголемување на расходите од услуги во платен промет странство.

Останатите некаматни приходи изнесуваат 397.085 илјади МКД и се намалени во однос на претходната година, главно поради пониски наплати на претходно отпишани побарувања кај нефинансиски правни лица и домаќинства.

Вкупните приходи од работење изнесуваат 2.522.841 илјади МКД и се пониски за 7,1% во однос на претходната година.

Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 1.106.423 илјади МКД и се зголемени за 8,2% при што трошоците за вработени се повисоки за 5,7%, трошоците за амортизација се повисоки за 18,1%, останатите расходи од дејност се повисоки за 8,4% во однос на претходната година.

Заклучно со 30.06.2022, беа ослободени Исправки на вредноста на финансиските средства и вонбилансна изложеност, на нето основа во износ од 82.380 илјади МКД соодветно на подобрената структура, наплата и квалитет на кредитната изложеност. Исправките на вредност на нефинансиски средства изнесуваат 51.218 илјади МКД.

Нето добивката на Банката заклучно со 30.06.2022 година изнесува 1.395.014 илјади МКД и е зголемена за 23,5% во однос на претходна година.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП