28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да го вратите помнењето?

Како да го вратите помнењето?

Сите сме запознаени со некои знаци на староста, зглобовите кои крцкаат, влошување на видот, болки во грбот, заборавање…

Иако очекуваме нашето тело со стареењето делумно да „одбива послушност“, некои знаци се вообичаени за одредена возраст, додека други не се. Еве што можете да преземете за на меморијата да и го вратите времето…

Од 30. до 50. година

Што е нормално: Заборавање на имињата на луѓето, губење на телефони, клучеви или паричници.

Што не е нормално: Имате проблем да го пронајдете автомобилот на паркинг, отежнато препознавање на лица, бои, форми и зборови.

Како да ги вратите годините: Проблемите со меморијата се дел од процесот на старење, а за да ги вратите годините, потребно е да го стимулирате мозокот со некои игри и вежби или да речеме, заминување во нов ресторан и на ново место. Невроните прават нови врски ако правиме нешто ново.

Од 50. до 70. година

Што е нормално: Заборавате на договорен состанок, заборавате по што сте тргнале.

Што не е нормално: Барате филџан кафе, а сте заборавиле дека веќе едно испивте, не препознавање членови на семејството, додека сликите од детството ви се кристално јасни, работите ги оставате на чудни места.

Нашата краткорочна меморија лесно се менува, затоа понекогаш не се сеќаваме зошто сме влегле во собата. Меѓутоа, некои други знаци можат да бидат знак на деменција која е вообичаена после 65 -та година.

Како да ги вратите годините: Вежбањето може да ја зачува меморијата и да го намали ризикот од развој на деменција. Американските истражувања покажаа дека прошетка од 40 минути пет пати неделно го јакне делот на мозокот кој создава сеќавања.

Ако сте постари од 70 години

Што е нормално: По некоја епизода на растресеност.

Што не е нормално: Чести епизоди на збунето однесување, заборање на вообичаени ритуали, на пример правење чај, оставање вклучена рерна.

Како да ги вратите годините: Држете го умот активен, на пример со разговор и решавање крстозбор. Ако имате дијабетес тип 2, многу е важно да го контролирате. Хроничниот висок шеќер ги оштетува мозочните клетки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП