28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ3 причини да употребувате комбуха

3 причини да употребувате комбуха

Комбуха е лековитa габа од Азија, која стотици години се употребува од прехрамбени, здравствени и козметички причини. Од неа најчесто се подготвува ферментиран напиток кој потсетува на чај и кој ја решава речиси секоја болка на денешницата.

Сојузник на убавината

Чајот од оваа габа, како и нејзините екстракти се составен дел од сите козметички препарати. Овој податок не изненадува бидејќи нејзините активни состојќи помагаат во спречувањето на појавата на целулит и го забрзуваат согорувањето на масти во телото. Стотици години се користи и како природно средство за подмладување, односно израмнување на брчките.

Комбухата е позната по своето тонизирачко и антиоксидативно својство, па затоа нејзините екстракти можат да се применуваат и директно на кожата. Облогите од чај од комбуха, на пример, помагаат кај проблемите со егзема, додека прелевањето на косата со овој вреден елемент го поттикнува растот и регенерацијата на скалпот

Сојузник на здравјето

Комбухата го зајакнува имунолошкиот систем, ги исфрла отровите и тешките метали од телото што е особено потребно дејство во сезоната на грипови.

Покрај тоа го стимулира варењето на храната, го намалува крвниот притисок и шеќерот во крвта, помага при воспалени зглобови, главоболка и во борбата со хемороиди, камења во бубрезите и жолчката, а некои тврдат дека има улога и на природен антибиотик.

Сојузник на доброто расположение

Живеете во стресно секојдневие? Пробајте го напитокот од комбуха. Оваа габа делува антистресно, и е природен поттикнувач на енергијата и расположението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП