Тимот на Маск заклучи дека бројките на Твитер за спам профилите не може да се проверат. Затоа, наводно, престанале да разговараат за договорот од 44 милијарди долари. Луѓето кои зборуваа за наводите тоа го направија во тајност поради чувствителноста на целата ситуација.
Разговорите со инвеститорите се „оладија“ во последниве недели, бидејќи тимот на Маск изрази сомнеж за неодамнешните податоци што им ги достави Твитер, пишува „Вашингтон пост“.
Тимот на Маск се сомнева во веродостојноста на бројките кога станува збор за лажни нарачки. После тоа се очекува да бидат преземени подрастични мерки, посочува упатениот извор.
Доколку Маск се откаже од претходно постигнатиот договор, тоа може да предизвика сериозна правна битка.
Условите на договорот велат дека Маск мора да плати 1 милијарда долари за да го раскине договорот, но правните експерти велат дека Твитер би можел да се обиде да го принуди Маск да ги купи доколку неговата причина за отказ не се заснова на основната дејност на компанијата. Кога ја даде понудата во април, Маск се откажа од правото да ги погледне одблизу финансиите на Твитер.
Портпаролот на Твитер, Трентон Кенеди одби да коментира за ова прашање. Маск не одговори веднаш на барањето за коментар.
Тој го потресе светот на социјалните медиуми претходно оваа година со неговата невидена понуда за приватна компанија, тврдејќи дека ќе може да го развие Твитер и да го направи поотворен и, според него, политички неутрален.
Тој рече дека на оваа социјална мрежа ќе го врати поранешниот претседател Доналд Трамп и изјави дека досегашната практика на Твитер е спротивна на слободата на говорот.
Ентузијазмот на Маск за договор е доведен во прашање барем од мај, кога тој рече дека договорот е „на чекање“ додека не утврди дали тврдењето на Твитер дека помалку од 5 проценти од профилите се ботови или спам е точно.
Тој го обвини Твитер дека крие информации, додека компанијата рече дека постапувала со добра волја и обезбедила се што барале условите од договорот од неа.