26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкапата нафта ѝ помага на Русија на краток рок, но што потоа?

Скапата нафта ѝ помага на Русија на краток рок, но што потоа?

Во последниве месеци, руската индустрија за нафта и гас е во подем – високите цени на енергетските суровини успеаја да ја одржат руската економија во живот и да ги финансираат воените дејствија во Украина. Но, колку долго тоа ќе трае целосно зависи од развојот на проектите во Арктичкото Море, пишува „The Wall Street Journal“.

Работата на нафтените проекти во регионот беше во голема мера погодена од западните санкции кои го ограничуваат увозот на технологија во Русија. Во оваа фаза, најмалку два големи проекти во регионот го загубија и западното финансирање поради ограничувањата против Москва, според извори на американското издание.

Еден од проектите што долгорочно може да настрада е „Восток Оил“ на рускиот нафтен гигант „Роснефт“. Кластерот на нафтени извори во Краснојарск има потенцијал да обезбеди до 2% од дневното производство на нафта во светот до крајот на деценијата. Тоа е исто така една од големите надежи на Русија да го зголеми производството на нафта во наредните години.

Во август 2020-та година, шефот на „Роснефт“ Игор Сечин му однесе стаклено шише масло од овој проект на рускиот претседател Владимир Путин. За време на средбата, двајцата се согласија дека суровината е многу подобра од онаа од Блискиот Исток, потсетува „WSJ“.

„Роснефт“ планира да го развие теренот до 2024-та година, но реализацијата на овие планови најверојатно ќе биде одложена најмалку до 2029-та година, според прогнозите на „Rystad Energy“. Од компанијата коментираат дека работата се одвива според планот, но признаваат дека има предизвици.

Од почетокот на непријателствата во Украина, многу западни компании се повлекоа од рускиот пазар, вклучувајќи го и секторот за нафта и гас, или ги замрзнаа своите инвестиции. Еден од нив е трговецот со енергeнси „Trafigura Group“, кој има 10% удел во „Восток Оил“. Во јуни компанијата ги замрзна своите руски инвестиции и коментираше дека се откажува од проектот.

Извори на „WSJ“ рекоа дека друг акционер, „Vitol Group“, со 5% во конзорциумот кој управува со проектот, исто така размислува да се повлече.

Поради санкциите, „Samsung Heavy Industries“ исто така одбива да испорача договорена опрема и софтвер на „Роснефт“.

Русија е меѓу водечките земји производители на нафта, но нејзината економија е помала од онаа на Италија. Земјата се потпира на енергетските ресурси за да врши политички притисок. Но, влогот е голем и за Москва – индустријата за нафта и гас обезбедува 40% од приходите во рускиот буџет и работни места за околу 1,5 милиони луѓе.

Самата екстракција на нафта и гас им е доверено на руски компании, но западните компании ја снабдуваат опремата и технологијата за оваа активност.

„WSJ“ исто така посочува дека повеќето од 200.000 активни нафтени бунари во Русија работат подолго време и се наоѓаат на места со тешки временски услови. Некои од нив нема да можат да го вратат своето производство доколку бидат затворени поради немањето побарувачка на суровина. Во оваа фаза Русија најде решение – Индија и Кина се големи купувачи на руската нафта, но со сериозен попуст во цената.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП