29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Алкалоид“ успешно ги помина инспекциите од Британската агенција за лекови

„Алкалоид“ успешно ги помина инспекциите од Британската агенција за лекови

g_alkaloid

Агенцијата за лекови од Велика Британија по извршената инспекција во погонот за производство на цврсти фармацевтски форми – таблети во профитниот центар Фармација во Алкалоид АД-Скопје по вторпат го обнови сертификатот за сообразност со начелата на добрата производна пракса (ГМП), дефинирани во директивите
на Европската унија.

Истовремено, соопштија од компанијата, Британската агенција за лекови издаде и нов сертификат за производство на цврсти желатински капсули, како и за погонот за производство на течни фармацевтски форми, за интерна и за екстерна употреба, за коишто Алкалоид АД-Скопје претходно се здоби со сертификати од Агенцијата за лекови од Република Бугарија и од Јавната агенција за лекови и за медицински помагала од  епублика Словенија.

ГМП-инспекцијата и проверката на фармацевтскиот систем за квалитет од страна на Британската агенција за лекови се изврши првпат на повеќе погони во исто време.

Тоа претставува уште една потврда за највисоките европски стандарди што Алкалоид АД-Скопје ги применува во секојдневното работење, а тие претставуваат основа за стекнување и за одржување на авторизациите за пласман на своите производи во ЕУ.

Со ова Алкалоид АД-Скопје се потврдува како високопрофесионален производител на фармацевтски производи со примена на најсовремени производствени технологии и деловни стандарди, сè со единствена цел – квалитетни, ефикасни и безбедни лекови, стои во соопштението од компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП