8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Toshiba“ може да биде проценета на тендерот за купување на 22 милијарди...

„Toshiba“ може да биде проценета на тендерот за купување на 22 милијарди долари

Понудувачите за купување на „Toshiba Corp.“ размислуваат да понудат до 7.000 јени (51,41 долари) за акција за јапонскиот конгломерат, објави „Reuters“, цитирајќи извори запознаени со ситуацијата. Па така вредноста на компанијата би чинела околу 22 милијарди долари.

Минатиот месец, „Toshiba“ објави дека потпишала договори за доверливост со 10 потенцијални инвеститори како дел од процесот за подигање на предлози за откуп и стратешки алтернативи. Компанијата разгледува други опции откако акционерите го одбија планот предложен од раководството за поделба на компанијата на два дела.

Понудувачите сега разговараат со акционерите на „Toshiba“ за ценовен опсег до 7.000 јени по акција, што претставува до 27% премија во однос на цената на акцијата на „Toshiba“ од 5.501 јени на крајот од последната сесија.

Понудената цена, доколку се финализира, ќе го процени развивачот на чипови и нуклеарни реактори на 3 трилиони јени.

Од „Toshiba“ изјавија за „Reuters“ дека нема да откриваат детали за предлозите.

„Широкиот ценовен опсег и условите сугерираат дека некои средства на „Toshiba“ ќе треба да се одвојат„, пишува Тревис Ленди, аналитичар во „Quiddity Advisors“.

Ако тоа се случи, тоа би значело „пониска цена за остатокот од кошницата“, рече тој, додавајќи дека цената до 7.000 јени по акција сугерира дека ова може да биде највисоката цена во овој круг.

„Reuters“ во декември објави, цитирајќи извори, дека најмалку една инвестициска компанија се обратила до комисијата на „Toshiba“ задолжена за стратешки преглед дека договорот за нејзино претворање во приватна компанија може да биде склучен по цена од 6.000 јени по акција или повеќе.

„KKR & Co Inc.“, „Baring Private Equity Asia“, „Blackstone Inc.“, „Bain Capital“, „Brookfield Asset Management“, „MBK Partners“, „Apollo Global Management“ и „CVC Capital Partners“ доставија понуди. Некои од нив може да формираат конзорциуми во наддавањето, посочуваат изворите.

Локалните фондови, вклучително и „Japan Investment Corp.“, и голем број стратешки играчи се обидуваат да се вклучат во наддавањето.

На почетокот на овој месец, тензиите на јапонскиот гигант „Toshiba“ ескалираа во јавен скандал откако двајца странски директори разменија критики за управувањето и номинирањето на директори на хеџ фондови во конгломератот.

Ова беше уште еден раздор во тековната криза во која менаџментот и акционерите на конгломератот влегоа во спор за иднината на компанијата, која некогаш беше една од вредните средства на Јапонија.

Доколку се финализира, договорот со „Toshiba“ ќе биде најголемата аквизиција во Јапонија откако конзорциумот предводен од „Bain“ ја отстрани единицата за чипови на конгломератот, „Kioxia“, од берзата за 18 милијарди долари во 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП