28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Amazon“ и „Microsoft“ им носат најголем профит на инвеститорите во последните 10...

„Amazon“ и „Microsoft“ им носат најголем профит на инвеститорите во последните 10 години (ИНФОГРАФИК)

Пред десет години, на 18-ти мај 2012-та година, Марк Цукерберг го направи „Facebook“ јавна компанија со одржување на најголемата почетна јавна понуда (IPO) во историјата на технологијата во тоа време.

Вкупно 567 милиони акции беа продадени по просечна цена од 38 долари по акција, надминувајќи го рекордот за најсилниот прв трговски ден поставен од „General Motors“ во 2010-та година со околу 120 милиони акции, според „CNN“.

Компанијата на Цукерберг сега се вика „Meta“, а нејзините акции се тргуваат по околу 200 долари по парче.

Како инвестициските добивки на „Meta“ се споредуваат со нејзините главни технолошки конкуренти и кои се најпрофитабилните акции во последните 10 години – сумира „Statista“ врз основа на податоците од „Yahoo Finance“.

Инвестирањето во „Amazon“ најмногу би се исплатело кога ќе се споредат цените денес и пред десет години. Ако сте инвестирале 1.000 долари во акции на „Amazon“ пред 10 години, сега би имале 10.149 долари.

На второ место е „Microsoft“, кој излезе на берза во 1986-та година и сега би им обезбедил на инвеститорите 8.798 долари доколку инвестирале 1.000 долари во компанијата пред 10 години.

„Meta“, од друга страна, е на последното место со генерирани 5.264 долари за инвестиција од 1.000 долари.

Иако флуктуациите на цените на технолошките акции не се невообичаени, секторот забележа голем пад во последните недели. Бидејќи акциите на „Amazon“, „Microsoft“, „Alphabet“ и „Apple“ почнаа да паѓаат на почетокот на април, „Meta“ сметаше дека берзата уште порано ја презеле „мечките“. На 10-ти јануари цената на акциите на компанијата почна да паѓа за околу 332 долари и сега чини речиси 40 отсто помалку.

Меѓу причините за овој пад е и порастот на каматните стапки, што го прави поатрактивно инвестирањето во сигурни обврзници, а не во акции со висок ризик.

„Facebook“ собра 16 милијарди долари во своето ИПО пред 10 години, вреднувајќи ја компанијата на 104 милијарди долари.

Животот на „Facebook“ како јавна компанија започна во превирања, а за некои инвеститори тоа веројатно беше разочарувачки. На првиот ден од тргувањето немаше силен раст, што ги разочара инвеститорите кои бараат брзи пари. Поради нивната продажба, работите се влошија пред да скокнат акциите.

Во текот на следните неколку месеци, рејтингот на „Facebook“ падна за речиси 50 отсто, а цената на акциите на компанијата дури во август 2013-та година се врати на ниво на ИПО-то. Оттогаш, пазарната вредност на социјалната мрежа е во пораст, бидејќи инвеститорите сфатија дека деловниот модел на компанијата ориентиран кон реклами не е мода и дека купувањето на „Instagram“ може да биде зделка на векот.

И покрај некои големи неуспеси – „Facebook“ двапати постави рекорд за најголема еднодневна загуба на пазарна капитализација во историјата, а ужасниот почеток на 2022-ра година, цената на акциите на компанијата се зголеми за 433 отсто од цената на ИПО-то. Тоа значи дека долгорочните инвеститори кои купиле акции во првичната јавна понуда ја зголемиле својата почетна инвестиција повеќе од четири пати со просечен годишен принос од 18,9 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП