16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСправувањето со енергетската криза и годинава е главен предизвик на Регyлаторната комисија...

Справувањето со енергетската криза и годинава е главен предизвик на Регyлаторната комисија за енергетика!

Една од главните цели на Регулаторната комисија за енергетика годинава останува надминување на предизвиците предизвикани од енергетската криза што донесе до негативно влијание врз работењето на енергетските компании во земјава. Освен тоа од Регулаторната комисија за енергетика потенцираат дека во периодот што следи ќе продолжат да предлагаат мерки за заштита на потрошувачите во овие вонредни околности. Регулатоторот и годинава продолжува да ги следи состојбите со пазарот на струја во Македонија, во делот на квалитетна и континуирана испорака на електрична енергија, а со тоа и заштита на правата на потрошувачите.

Информациите кои Денар ги доби од Регулаторната комисија за енергетика велат дека оваа институција во тековната година ќе го стави под лупа функционирањето на електроенергетскиот систем од аспект на сигурност во снабдувањето, односно обезбедување на рамнотежа помеѓу снабдувањето и потребите од електрична енергија. Во првиот квартал од годинава веќе се одобрени нови Мрежни правила за пренос на електричната енергија, а тие се според регулативите на Европската унија. Регулаторна и годинава работи на издавање, менување и продолжување на лиценците за вршење на енергетски дејности, пред се за производство на струја, трговија и снабдување со електрична енергија. Од ова независно тело велат дека во доменот на воспоставување на организиран пазар на струја можно е спојување на домашниот пазар со пазарите на електрична енергија од соседството и од Европската Унија. 

Сериозен предизвик за регулаторот годинава останува и природниот гас, односно годинава треба да биде и сертификацијата на операторот за пренос на гас, спроведување на тендерот за секундарна гасификација на земјава како и одобрување на подзаконска регулатива од областа на природниот гас.

Што се однесува до состојбите со топлинската енергија, информациите велат дека регулаторот и натаму активно ќе го следи пазарот, главна цел според комисијата е водење грижа за заштита на потрошувачите, со тоа што ќе им се овозможи квалитетно и навремено снабдување со топлинска енергија, како и решавање на индивидуални проблеми на корисниците. Информациите велат дека во јуни ќе се изврши редовна конрола на цените на снабдувачите и ќе се донесат нови одлуки за цените на крајните корисници.

Според своите надлежности РКЕ ќе продолжи и со спроведувањето на активности и според одредбите на Законот за утврдување на водните услуги.

 „Во 2022 година Регулаторната комисија за енергетика ќе продолжи активно да ги спроведува сите законски надлежности со насока на: овозможување конкурентни, стабилни и одржливи пазари на енергија во Република Северна Македонија и нивно вклучување во регионалните и меѓународните пазари на енергија во соработка со институциите на Енергетската заедница, а особено со Одборот на регулатори на енергетската заедница и регулаторните тела на другите договорни страни и учесници во Енергетската заедница, ефективно отворање на пазарите за сите потрошувачи и снабдувачи во Енергетската заедница. Отстранување на ограничувањата во трговијата со електрична енергија и природен гас, вклучително и соодветни прекугранични преносни капацитети за покривање на побарувачката и олеснување на тековите на електрична енергија и природен гас во Енергетската заедница. Развој на сигурни, доверливи и конкурентни енергетски системи ориентирани кон потрошувачите, со што е можно помал трошок. Оптимизирање на употребата на електричната енергија и природниот гас од страна на друштвата за електрична енергија, природен гас и топлинска енергија заради унапредување на енергетската ефикасност преку обезбедување на услуги за управување со енергијата, воведување на напредни системи за мерење, како и паметни мрежи“, велат од Регулаторната комисија за енергетика

Годинава исто така Регулаторна планира да се поврзе со Националната платрформа за интероперабилност и Националниот портал за е-услуги со кои услугите за граѓаните и компаниите  ќе бидат многу подостапни. Во делот на сајбер безбедноста, по влегувањето на сила на новите правила на Законот за енергетика во вториот дел од годинава ќе се работи на усвојување на безбедноста на податоците за движењата на пазарите на електрична енергија.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП