И покрај војната во Украина, Русија продолжи да снабдува многу европски земји со огромни количества гас, но тоа би можело да го промени новиот сет на санкции на ЕУ. Земјите кои се најмногу зависни од руските енергенси и не можат лесно да се префрлат на нови добавувачи се на удар.
Шефовите на енергетскиот сектор на земјите од ЕУ велат дека шестиот пакет санкции против Русија е „на врата“. По забраната за увоз на јаглен, потенцијалното ембарго на руската нафта и гас ќе биде тежок економски удар, но не само за Русија, туку, се чини, и за членките на унијата.
Во 2020 година, ЕУ купи повеќе од половина од енергијата потрошена од увоз, а дури една четвртина доаѓа од Русија.
Во Словачка осум од десет барели нафта пристигнаа од Русија. Повеќе од две третини од изворите на енергија доаѓаат од Полска, Финска и Литванија, а Унгарија зависи од дури 44 проценти.
Удел на рускиот гас и нафта во ЕУ по земји (Податоци за 2020 година, извор Евростат)
- Словачка 78,4 отсто
- Литванија 68,8 отсто
- Полска 67,5 отсто
- Финска 66,8 отсто
- Унгарија 44,6 отсто
На Европа и е тешко да каже НЕ на руските енергетски извори. Пред шестиот пакет санкции, Унгарија и Словачка бараат изземање. Повикувајќи се на упатени извори од Европската комисија, медиумите јавуваат дека тоа би можело да се случи. Истовремено, во Грција ќе започне изградбата на нов терминал со кој гас ќе се долева до земјите од Југоисточна Европа.
„Пред неколку месеци во Версај, Франција, донесовме силни и стратешки енергетски одлуки. Решивме да ја прекинеме зависноста од руските фосилни горива и да ги диверзифицираме нашите добавувачи, вклучително и ЛНГ. Затоа новиот енергетски терминал е толку важен“, рече претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
Геополитичката инвестиција во новиот терминал, кој треба да започне со работа следната година, ќе им овозможи на Грција, Бугарија, Србија, Северна Македонија и други да набавуваат гас и нафта од САД и Блискиот Исток, со што ќе се намали енергетската зависност од Русија, но прашање е во кој обем и по која цена.