18 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАДеловните субјекти оствариле 2 090 624 милиони денари промет и додадена вредност...

Деловните субјекти оствариле 2 090 624 милиони денари промет и додадена вредност од 445 895 милиони денари

Преработувачката индустрија со најголемо учество од 26.0 % во бруто-додадената вредност во 2023 година.

Според пресметките на Државниот завод за статистика, вкупно 68 150 пазарноориентирани деловни субјекти активни во областа на индустријата, градежништвото, трговијата и останатите услужни дејности оствариле 2 090 624 милиони денари промет и додадена вредност од 445 895 милион денари. За ангажираните 434 185 вработени лица, издвоени биле 230 215 милиони денари.

Најголем промет од 39.1 % реализирале деловните субјекти од секторот Трговија на големо и на мало и Преработувачката индустрија од 25.7 %. 

Најголемо учество во вкупната додадена вредност има Преработувачката индустрија со 26.0 %, а потоа следат Трговија на големо и на мало со 20.8 %, Информации и комуникации со 9.1 %  и Градежништво со 8.7 %.

Според податоците на ДЗС, доминираат микропретпријатијата со помалку од 10 вработени (над 91 отсто), најголемиот дел од нив се од областа на трговијата. Со ангажирани 33,4 проценти од вкупно вработените, тие создале 22,2 отсто од вкупната додадена вредност.

Големите претпријатија со учество од само 0,23 отсто и со ангажирани 26,6 отсто од вработените, создаваат 32,4 отсто од вкупната додадена вредност во рамките на деловниот сектор и тоа, главно, во секторот Преработувачка индустрија.

Најголем е потенцијалот на малите и на средните претпријатија со 10 до 249 вработени, кои ангажираа 40,1 отсто од вработените и создадоа 45,4 отсто од вкупната додадена вредност во деловниот сектор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП