3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономијата на САД неочекувано забележа пад на почетокот на годината

Економијата на САД неочекувано забележа пад на почетокот на годината

Американската економија се намали неочекувано на почетокот на годината, пад од 1,4% на годишно ниво, покажуваат податоците на американското Министерство за трговија, цитирани од „CNBC“. Ова е остар пресврт во трендот на најдобри перформанси на американската економија од 1984-та година.

Негативниот резултат ги надмина дури и намалените прогнози на економистите на „Dow Jones“ за пораст од 1%. Такви беа просечните прогнози на економистите анкетирани од „Bloomberg“.

За споредба, на крајот на 2021-ва година, американскиот бруто домашен производ (БДП) порасна за 6,9%.

Зголемениот број на новозаразени со сојот омикрон на почетокот на годината ја оштети економската активност, како и војната во Украина и рекордната инфлација достигнаа највисоко ниво од 1981-ва година, исто така, придонесоа за негативното влијание врз перформансите на американската економија.

Цените нагло се зголемија во текот на кварталот, при што дефлаторот на цените се зголеми за 8% од 7,1% во последните три месеци од 2021-ва година.

Пријавениот пад на БДП-то се должи на забавувањето на растот на инвестициите во приватниот капитал, извозот и државните трошоци.

Но, позитивен тренд бележи потрошувачката која и покрај високиот ценовен притисок порасна за 2,7 отсто.

Иако очекувањата за рецесија на Волстрит остануваат ниски, сѐ уште има предизвици за американската економија – во обид да ја ограничи инфлацијата, американската централна банка планира да започне серија зголемувања на каматните стапки што може дополнително да го забави економскиот раст.

На последниот состанок, регулаторот ги зголеми каматните стапки за прв пат од 2018-та година.

Тековните пазарни очекувања се еквивалентни на 10 зголемувања од 25 базични поени (бп), со што основната каматна стапка до крајот на годината ќе достигне 2,75%.

Покрај тоа, ФЕД ќе почне да го намалува рекордното салдо од околу 9 трилиони долари, веројатно веќе следниот месец, откако записникот од последниот состанок на банката покажа дека е постигнат консензус за месечен износ од околу 95 милијарди долари.

Иако повеќето економисти сè уште очекуваат САД да избегнат целосна рецесија, ризиците за економијата остануваат.

„Goldman Sachs“ проценува дека има околу 35% шанси за негативен раст за една година. Слична прогноза даде и „Deutsche Bank“, која смета дека постои можност за „значителна рецесија“ кон крајот на 2023-та или почетокот на 2024-та година, а тоа ќе биде резултат на поагресивно од очекуваното заострување на монетарната политика на ФЕД.

Сето ова доаѓа една година откако американскиот БДП порасна за 5,7% – највисоко од 1984-та година.

Друг извештај на Министерството за труд во четвртокот покажа дека бројот на првпат апликации за бенефиции за невработеност паднал за 5.000 на 180.000 во неделата до 23-ти април. Бројките од минатата недела беа ревидирани нагоре за илјада до 185.000 апликации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП