29 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали Германија има алтернатива за руската нафта?

Дали Германија има алтернатива за руската нафта?

Германија и Европската унија во моментов бараат алтернатива за нафтата од Русија, поради санкциите што западните земји и ги воведоа на Русија поради воената интервенција во Украина.

За таа цел, како што пренесува Дојче веле, германскиот министер за економија Роберт Хабек неодамна ги посети Обединетите Арапски Емирати, а следни на листата за посета би можеле да бидат Венецуела или Иран. Ова на крајот ќе доведе до укинување на постоечките санкции против тие земји. А тука е и ОПЕК (Организација на земјите извознички на нафта).

На краток рок, овој нафтен картел би можел да произведе дополнителни два милиони барели, вели Барбара Ламбрехт, експерт за суровини во германската Комерцбанк. Сепак, таа наведува дека членството на Русија во проширениот круг ОПЕК + е проблем. Неодамна генералниот секретар на ОПЕК Мохамед Баркиндо ја отфрли можноста за прекин на соработката со Русија.

Презентираните податоци наметнуваат заклучок дека Германија, како и другите земји од Европската унија, не можат така лесно да најдат замена за руското „црно злато“. На пример, Европската унија минатата година секој ден увезуваше 2,2 милиони барели сурова нафта и 1,2 милиони барели нафтени деривати од Русија.

Сепак, министерот за економија Хабек сака Германија до крајот на годината да биде „практично независна“ од увозот на руска нафта. Сè уште не е јасно како да се постигне ова. Проширувањето на инфраструктурата за обновлива енергија трае подолго, а алтернативните извори сè уште не се договорени. Ситуацијата најверојатно ќе биде слична во многу земји од ЕУ.

Меѓутоа, доколку увозот на нафта престане порано од очекуваното, Германија има национален резерват кој е создаден поради нафтената криза, пред 50 години.

Според документот на Министерството за економија, тоа би можело да го премости периодот од 200 дена без руска нафта. Сепак, студијата исто така покажува дека квалитетот на сурова нафта и опциите за транспорт не биле вклучени во планирањето. Ненадејната забрана за увоз на руска нафта би создала проблеми, на пример за цела Источна Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП