27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВолкановски го демолираше корејскиот зомби и ја одбрани титулата во лесна категорија(ВИДЕО)

Волкановски го демолираше корејскиот зомби и ја одбрани титулата во лесна категорија(ВИДЕО)

Александар Волкановски дојде до 11-та победа во исто толку настапи во УФЦ. Последната жртва на австралискиот борец со македонско потекло е Чанг Сунг-јунг, корејски борец познат по прекарот Корејско зомби. Немаше шанси против Волкановски, а падна во третата рунда.

На крајот од втората рунда Волкановски го имаше Сунг-јунг на подот, му зададе неколку страшни удари и целосно му го демолираше лицето. Корнерот на корејскиот борец се обиде да ги санира повредите за да продолжи во третата рунда, но многу брзо новите удари му го отворија и онака скинатото лице и судијата ја прекина борбата.

Освен Волкановски кој ја одбрани титулата во лесна категорија, одбрана на титулата видовме и во бантам категорија. Алџамен Стерлинг го одбрани појасот од предизвикувачот Питер Јан по тешка борба. По пет рунди, судиите му ја доделија победата со поделена одлука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП