29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗошто во кризнa година се намалува невработеноста?

Зошто во кризнa година се намалува невработеноста?

Познавачите  на пазарот на трудот, сметаат дека на намалувањето на бројката на невработени во услови на пандемија и глобална економска криза, влијаат повеќе фактори. Прво и основно е тоа што голем дел одлучиле да заминат во странство, други чекаат да добијат зелено светло за тоа и затоа не се пријавуваат во Агенцијата за вработување,  а доста добар дел се и во сивата економија чиј процент се уште е многу висок.

-Заминуваат  од тука како туристи, а остануваат  во странство следните 30 години. Добар дел работат и на црно, зошто со зголемувањето на минималната плата во овие тешки времиња , се отвори патот за уште поголемо зголемување на процентот на  сивата економија. Исто така,  многу од младите не сакаат да работат  тука за овие плати и чекаат документи за да  заминат надвор, а за тоа време не се регистрирани во АВРМ како невработени и баратели на работа.  Во странство кога одат работат било што, но се задоволни затоа што се подобро платени. Ние за жал тука веќе подолго време не  продуцираме доволно  работни места, затоа што имаме слабо стопанство,  се уште има работни позиции  со ниски примања  и  пазарот на трудот е во проблем  долго време. Нашиот  развој оди слабо , а тој може само да поттикне зголемување на платите, вели за “Денар”, Ангел Димитров, претседател на Организација на работодавачи.

Смета дека зголемувањето на минималната плата во вакви услови, кога економијата  е  на колена поради сите случувања, не донесе ништо друго освен  изедначување на примањата на работниците, нешто на што алармирале.

– Сега дел од синдикатите најавуваат протести, затоа што во одредени сектори со зголемувањето на минималецот  се случи вработени на повеќе позиции  да  добиваат иста плата. И оној што има поголема и оној со помала одговорност во работната организација сега се вреднува исто. Не е само да се зголеми платата,  треба да се размислува и на тоа сите други примања  да одат нагоре и тоа е тоа на што одредени синдикати сега реагираат,  додава Димитров.

За да почне Македонија да продуцира работни места со задоволителни примања,  треба да почне сериозни да се работи на развој,  на усовршување на производните процеси, на конкурентноста , на освојување на нови пазари  за пласман на она што се произведува тука.

-Многу малку остваруваме. Нашиот БДП по глава ни жител се уште е многу низок. Полоши од нас се само Косово и  БИХ. Ние сме во многу лоша состојба. Не е само да имаме развој,  многу е важно колку изнесува  тој раст. На нашата држава и се потребни  5 % –  6%  проценти раст на БДП и тоа неколку години со ред , а ние што правиме, откако ќе стигнеме до некој подобри бројки,  потоа  влегуваме повторно во минус,  вели  Димитров.

Пред неколку дена, статистика пресмета пад на невработеноста.  За една година,  од списокот на невработени се избришани 8.000 лица, но бројот на вработени се зголемил за само 178 лица.  Според податоците на ДЗС, најголем  дел од  невработените се на возраст од 15 до 49 години, а до работа потешко доаѓаат мажите од жените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП