24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФедерер донираше 500.000 долари за децата во Украина

Федерер донираше 500.000 долари за децата во Украина

Швајцарскиот тениски ас Роџер Федерер донираше 500.000 долари за помош на украинските деца кои не можат да го продолжат образовниот процес во училиштата поради војната во таа земја.

„Моето семејство и јас сме згрозени кога гледаме слики од она што се случува во Украина. Многу ни е жал за невините луѓе погодени од војната. Го поддржуваме мирот“, напиша Федерер во пораката на Твитер.

Нагласувајќи дека во моментов околу шест милиони украински деца не одат на училиште, Федерер истакна дека обезбедувањето пристап до образование во ваков критичен момент е од клучно значење и рече дека тој и неговото семејство сакаат да ги поддржат тие деца.

Искусниот тенисер и поранешен прв тениски рекет Федерер изјави дека преку фондацијата Роџер Федерер донирале 500.000 долари на невладината организација „War Child Holland“ за да можат украинските деца да го продолжат своето образование.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП