18 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕБез лимон навистина не се може: Постојат шест одлични примери за тоа!

Без лимон навистина не се може: Постојат шест одлични примери за тоа!

Нема многу намирници кои се толку здрави за вашиот организам, а воедно имаат и толку многу разновидни начини на употреба. Лимонот е моќен и здрав и секогаш би требало да го имате во вашата кујна. Еве само неколку причини:

1. Вода со лимон

Водата со лимон наутро пред да појадувате или да испиете било што друго е одлична навика. Покрај тоа што хидрира, лимонот е исто така одличен начин за да се поттикне варењето во организмот и исто така и помага во работата на надбубрежната жлезда и го штити црниот дроб. Оваа комбинација е и одличен природен освежувач на здивот. Сепак, ако пиете големо количество на вода со лимон, не заборавајте за после тоа да испиете чаша обична вода. На тој начин ќе ја заштите глеѓта на забите од ерозијата која може да ја предизвика лимонската киселина.

2. Прелив за салата

Се што ви е потребно е малку добро масло (маслиновото и лененото се секогаш добар избор) и свежо исцеден сок од лимон, и имате супер вкусен прелив за салата. Општо правило е соодносот да биде 3 наспрема 1, односно на три лажици масло сипете една лажица сок од лимон. На таа основа може да додадете морска сол, сенф, лук, тахини, свежи зачински билки, или што сакате…има многу различни вкусни комбинации.

limon2

3. Го засилува вкусот на храната

Пробајте да исцедите малку лимон во храната која ја подготвувате и само неколку капки сок од лимон ќе го интензивираат вкусот… сосови, варива, супи, сето тоа може да го направите повкусно со помош на лимонот.

4. Чај од лимон и ѓумбир

Оваа вкусна комбинација е совршена за одбрана од настинките.  Благодарение на лимонот кој изобилува со витамин Ц и ѓумбирот кој има антибактериско и антивоспалително дејство. Ако сакате да го засладите чајот, додадете малку мед кој исто така има смирувачко и антимикробно дејство.

liomon3

5. Чистење на даската за сецкање

Комбинацијата од сок од лимон и сол е еден од најдобрите начини за да ја исчистите и дезинфицирате кујнската даска за сецкање. Исцедете малку сок од лимон на даската, сипете сол и искористете го преостанатиот лимон за отстранување на поупорните дамки така што со него ќе ја истриете површината. Потоа исперете и исушете.

6. Избелување на ноктите

Веројатно сте забележале дека вашите нокти стануваат помалку жолти после носењето на лак за нокти во текот на подолг временски период. Лимонот може да ви помогне и за тоа. Исцедете половина лимон во шолја топла вода и натопете ги прстите на 10 минути. А може и да ја прескокнете водата и само да ги потопите прстите директно во лимоновиот сок. Истријте ги ноктите со стара четка за заби и исперете.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП