26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКолку се важни витамините?

Колку се важни витамините?

Храната е таа која ви овозможува да функционирате и истата е клучна за вашето здравје. Витамините се хранливи материи кои мора да ги земаме преку исхраната бидејќи нашето тело, (со мали исклучоци) не може да ги произведува. Тие му помагаат на нашето тело да функционира правилно.

Иако секојдневно внесувате витамини преку храната која ја конзумирате, некоја храна има повеќе витамини отколку друга. Витамините се клучни за секој процес што се случува во нашето тело. Тие не работат сами, наместо тоа тие се во тесна “соработка” со други молекули во клетките. Играат незаменлива улога во метаболизмот, овозможувајќи безброј процеси во телото да се одвиваат нормално.

Тогаш, како да се снабдите со потребните витамини неопходни за да функционирате?

Витамин А

Витаминот А е потребен за да имате здрави заби, коски и кожа. Исто така, овој витамин го штити вашиот организам од бактерии и вирусни инфекции.

Храна во која се наоѓа витаминот А: сладок компир, моркови, спанаќ.

Витамин Б

Витамините Б6, Б12 и Б9 ги подобруваат функциите на мозокот, спречуваат појава на анемија и се мошне важни за метаболизмот.

Храна во која се наоѓа витаминот Б: месо и риба, морска храна, јајца и млеко.

Витамин Ц

Витаминот Ц е моќен антиоксиданс кој го штити вашето здравје. Тој помага за заштита на забите, при залечување рани и му помага на организмот да се бори со инфекциите.

Храна во која се наоѓа витаминот Ц: папаја, портокал, лимон, јагоди, брокули.

Витамин Д

Овој витамин е клучен за здравјето на коските, го подобрува имунитетот и апсорпцијата на калциум.

Храна во која се наоѓа витаминот Д: млеко, јајца.

Витамин Е

И овој витамин е моќен антиоксиданс кој ги штити клетките од оштетување и ги обновува мускулите клетки.

Храна во која се наоѓа витаминот Е: аспарагус, спанаќ, сончоглед и бадеми.

Витамин К

Витаминот К е клучен за згрутчувањето на крвта кога ќе се повредите. Ако тој отсуствува можете да искрвавите до смрт од една обична исекотина.

Храна во која се наоѓа витаминот К: спанаќ, аспарагус, брокули, магдонос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП