26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНе треба нов Закон за наставници, за да пораснат платите во секторот...

Не треба нов Закон за наставници, за да пораснат платите во секторот образование!

Жестоките препукувања на релација опозиција власт во собранието во последните неколку дена за Законот за наставниците е честа појава кога пратениците дебатираат за зголемување на плати. Која партија повеќе направила во секторот образование, кој ги зголемувал платите, а кој во образовните институции вработувал партиски послушници, наместо стучни кадри, беа дел од меѓусебните обвинувања на народните избраници. Синдикатот на образование пак вели дека ако политичарите вистински имаат намера да им ги зголемат платите на просветните работници тоа може да го направат преку измена на Колективните договори, а не само со предлог закон. На тој начин нема да биде селективно зголемувањето на платите, туку освен професорите и стручните соработници повисоки плати ќе добијат и техничките лица вработени во секторот образование.

Иако предлог законот е доста стар, околу две години, синдикатот на образованието одамна има поднесено забелешки на текстот во однос на членови кои се неспроведливи на терен. Од СОНК веќе реагираа дека предлог законското решение овозможува нетранспарентно делување, постојат во него проблематични точки, а дополнително токму тие делови од законот можеле да поминат без знаење на синдикатот. Во однос на политичките препукувања, синдикалците велат дека не ни помислуваат да заземат страна. Нивна работа е како што велат подигнување на стандардот на вработените во образованието, сигурноста во работните места, примање на работа на стручни кадри заради партиски интереси и слично.

„СОНК не се согласува со новата систематизација што е ставена во закон, каде што платите на вработените во дејноста образование е изразена во бодови, и тоа е невообичаено. Ние имаме постојани колективни договори, со кои е утврден коефициентот на сложеност на работното место. Исто така, напредувањето во кариера е проблематично во делот кој постои кај наставниците, но не и за стручните соработници“, велат за Денар од СОНК.

А во собранието пратениците на владеачката партија СДСМ побараа од нивните колеги од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ да ја одблокираат работата на Комисијата за образование и наука, како што велат се со цел да можат да работат на носење на законските измени со кои наставниците ќе добијат повисоки плати. Иако измените на законот се поднесени во редовна процедура, дури сега тие да го поминат првиот филтер во собраниската комисија за образование. Но од СДСМ велат дека опозиционерите го кочат носењето на измените со долги процедури и забелешки на процедурите предвидени за работа.

„Првото читање значи само да се договориме и доколку имаат интерес да помине овој закон дека има потреба од измени. Понатаму во второ читање е амандманската расправа каде треба да седнеме да ги спротивставиме аргументите и да дојдеме до најдоброто решение. Но ние воопшто не може да стигнеме до тој дел да разговараме што треба да остане, а за што да разговараме затоа што едноставно не се дозолува да се продолжи натаму со дневниот ред“, велат од СДСМ.

Опозиционерите остануваат на ставот дека измените на занокот се спорни. Со нив само ќе се овозможи дополнителна партизација на секторот образование. Од партијата тврдат дека со предложениот закон нема да се зголемат платите на наставниците туку само ќе се вработат партиски кадри.

„Платите се регулираат со колективните договори, се останато е ветер и магла, имаме колективен договор, направивме симулација според кои параметри споредено со новата минимална плата треба да се нивилираат платите на вработените во градинките, основните и средните училишта, еве на први март платните листови нека ги нивелира министерот за финансии и министерот за образование и ние ќе го поддржиме тоа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според информациите зголемување на платите во секторот образование чекаат речиси 30 илјади вработени лица. Според Законот за минимална плата во рок од најмногу шест месеци платите на вработените во приватниот но и во јавниот сектор треба скалесто да пораснат. Но и по неколкуте зголемувања на минималецот, Законот за минимална плата никогаш не се почитувал во целост.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП