6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо цел да се ослободи од рускиот гас, Германија ќе го изгради...

Со цел да се ослободи од рускиот гас, Германија ќе го изгради својот прв ЛНГ терминал

Во Германија, проектот за терминал за течен гас (LNG) повторно е на дневен ред во обид да се намали зависноста на земјата од рускиот природен гас, пишува „The New York Times“.

Пред неколку години Берлин го напушти објектот со образложение дека е прескап. Но, во последниве месеци, тоа е течен природен гас од САД, Катар и други земји што ја одржува европската економија, пишува весникот.

Изданието не даде повеќе детали за планираниот терминал, но во летото 2020-та година германскиот магазин „Die Zeit“ објави, повикувајќи се на свои извори, дека Германија има намера да потроши 1 милијарда евра на два терминали за течен гас. Министерот за финансии Олаф Шолц, сега канцелар на земјата, му го понуди ова на Вашингтон во замена за ветување дека САД нема да воведат санкции за „Северен поток 2“. Министерството за финансии потоа одби да ги коментира информациите.

Во Европа има повеќе од 20 терминали за течен гас, вклучувајќи ги Холандија, Белгија и Полска. Но, Германија засега нема таков објект. Околу 55% ​​од германскиот гас доаѓа од Русија, а во споредба со 2012-ра година, уделот на рускиот увоз пораснал за 15 процентни поени, според проценките на „Euronews“.

Во моментов, земјата е во многу деликатна ситуација – нејзините складишта за гас се исполнети до 35% од нивниот капацитет, а „Северен поток 2“ сѐ уште е во процес на сертификација. Москва и Киев се соочуваат со воен конфликт, а Украина е една од главните транзитни рути на Русија за Европа.

Во меѓувреме, Германија деветта недела по ред не добива гас преку гасоводот Јамал (преку Белорусија и Полска) и протокот е обратен – од Германија кон Полска. Газпром не резервира капацитет на гасоводот во март, а веб-страницата на Газпром експорт покажува дека во оваа фаза компанијата нема да нуди гас на пазарите во Европа. Газпром може да смета и на дневни аукции на капацитети доколку мора да снабдува гас. Официјалното мислење на руската компанија е дека нема испораки бидејќи нема барања од клиенти.

Според германското Министерство за економски прашања, количината на гас во складиштата за гас ќе биде доволна за само седум дена доколку температурите значително се намалат. Берлин планира и нови правила со кои ќе се обврзат енергетските компании да чуваат одредени количини гас во резерва за да се избегне слична криза во иднина.

Сите овие мерки се придружени со инвестиции и планови за апсорпција на ветерниот и сончевиот потенцијал.

Досега владата категорично изјави дека испораките на природен гас се сигурни и нема ризик, иако намалените залихи предизвикуваат се поголема загриженост дека суровината нема да биде достапна за зимата. Важноста на гасот за германската економија расте во последните месеци и ќе продолжи да расте откако земјата ќе ги затвори последните нуклеарни реактори подоцна во оваа година. Фабриките за јаглен ќе бидат затворени до 2030-та година.

Германија не е подготвена да се откаже од „Северен поток 2“ не само затоа што и треба гас. Според проценките на Џонатан Стерн од Институтот за енергетски истражувања на Универзитетот Оксфорд, Берлин ќе должи отштета од околу 40 милијарди евра доколку компаниите во проектот поднесат тужби за отштета во случај гасоводот никогаш да не проработи.

Во проектот се вклучени пет европски енергетски гиганти – „Uniper“, „Wintershall DEA“, „OMV“, „Energie“ и „Shell“.

Извршниот директор на „OMV“, Алфред Стерн силно се противи на запирањето на „Северен поток 2“, или кој било друг извор на гас, во време кога на Европа и недостасува гас. И пазарот на течен природен гас може да се влошува, со зголемени стравувања во САД дека извозот на гас ја зголемува цената на суровините за домашниот пазар.

Затоа, за многу експерти во Германија, вклучувајќи го и министерот за економија Роберт Хабек, решението е повеќе да се замени природниот гас со зелени извори на енергија. Ова е стратешка одлука и со неа не само што ќе ја заштитиме климата, туку и ќе ја зголемиме отпорноста на германската економија, коментираше тој пред еден месец во Бундестагот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП