23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМекларен влегува во битка за Кими

Мекларен влегува во битка за Кими

kimi

Шефот на Мекларен Мартин Витмарш најави дека неговиот тим може во најскоро време да испрати понуда до Кими Раиконен, чиј договор со Лотус истекува на крајот на сезоната.

33-годишниот Финец веќе неколку месеци не добил плата во неговиот сегашен тим, но се смета и за цел број 1 во Ред Бул, каде што бараат заменик на Марк Вебер кој на крајот од сезоната ќе си замине од тимот. Ферари исто така пројавува интерес за Раиконен, кој во 2007-та година и ја донесе на „скудерија“ нивната последна светска титула кај пилотите.

„Јас сум фан на Раиконен. Можеби не треба, но сум целосно отворен за оваа можност. Минатата година имавме преговори со него, но поради различни причини не дојде до договор. Оваа година уште не сме разговарале“, вели Витмарш.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП