27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРолан Гарос го сака Ѓоковиќ

Ролан Гарос го сака Ѓоковиќ

Од Франција велат дека и да остане невакциниран, првиот рекет во светот може да игра на Отвореното првенство на нивната земја.

Ова прво го изјави министерката за спорт Роксана Марасинеану, а денеска нејзините зборови ги потврди и претседателот на Националната тениска асоцијација Жил Моретон.

Нашиот тим во соработка со надлежните институции работи на креирање посебни правила околу доаѓањето и појавувањето на невакцинирани играчи на нашето натпреварување“, изјави тој за домашните медиуми.

Моретон изрази жалење што Ѓоковиќ, победникот на Ролан Гарос во 2016 и 2021 година, бил спречен да се бори за десеттата титула на Австралија Опен.

„Новак е огромен шампион и можеме само да замислиме колку е разочаран што нема да може да ја одбрани титулата на Австралија опен. Сочувствуваме и со организаторите на натпреварот“, изјави Моретон.

Ролан Гарос оваа сезона ќе се игра од 16 мај до 5 јуни, а титулата треба да ја брани српскиот ас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП