5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВнимателно при купувањето подароци за празниците!

Внимателно при купувањето подароци за празниците!

Продолжува трендот на раст на бројот на граѓани кои не се задоволни од производот кој го купиле. Измамени или изманипулирани од несовесни трговци се најчесто граѓаните кои и решаваат да се пожалат кај надлежните институции. Државниот пазарен инспекторат, Организацијата на потрошувачи како и Асоцијацијата за Е- трговија велат дека мора внимателно да се одбира производот пред да биде купен.

Од Пазарниот инспекторат советуваат дека граѓаните пријавуваат неправилности, а најголем дел се по основ на Законот за заштита на потрошувачи. Граѓаните се жалат за несоодветни производи, сомнителен квалитет, производи кои брзо се расипуваат, или само што им истекле гаранциите, како и производи со недостатоци. Во одредени случаи граѓаните пред да се обидат да го заменат или вратат производот се обраќаат до Пазарниот инспекторат.

„Сите пријави се земаат во предвид, две илјади преставки има што и не е така мала бројка и инспекторите секојдневно се справуваат со овие предменти. Рокот за постапување на претставките е 15 дена, но ако случајот е посложен рокот за постапување е 30 дена. Исто така голем број на преставки има и за онлајн купувањето. Според информациите од инспекторатот од лани кога трендот на интернет тргување започнува да расте, пријавите се зголемени за двојно, по однос на неправилности со кои се соочиле граѓаните по однос на онлајн купувањето“, велат од Пазарниот инспекторат.

Оваа информација од инспекторите покажува дека не само во класичното пазарување, граѓаните се почесто се жалат и на интернет трговијата, односно на производите кои ги добиваат купени по пат на онлајн. Информациите кои ги добивме од Организацијата на потрошувачи велат дека секоја втора поплака која пристигнува на нивна адреса е токму за незадоволни граѓани кои пазареле на интернет. Најчесто станувало збор за несоодветни производи во однос на тоа што е нарачано, но и за посериозни проблеми како што се украдени податоци за трансакциски сметки на граѓаните. Апелот од Организацијата на потрошувачите е граѓаните редовно да бараат фискални сметки за нарачаните производи кои се купени од интернет, а и дополнително да проверуваат дали компанијата од која купуваат има лиценца за онлајн продажба.

„Оваа година имаме околу 2000 поплаки, што е голем процент. Потрошувачите најмногу се жалат за купување на производ со недостаток, проблеми со гаранција што ги имаат со сервисерите. Просечно 50 проценти од поплаките на дневно ниво се однесуваат за онлајн продажбата, ама проблем е што е нелегална проджаба преку социјалните мрежи. Потрошувачите не можат да си ги заштитат правата бидејќи немаат фискална или други докази“, велат од Организација на потрошувачи.

Од Агенцијата за пошти пак велат дека при купувањето онлајн, потрошувачите имаат право на пријава доколку производот не им е соодветно доставен или воопшто не им е доставен од страна на фирмите кои се занимаваат со поштенски услуги.

„Она што им е на располагање на корисниците е правото на рекламација кое што првенствено треба да го искористат да се обратат до давателот на поштенските услуги во точно утврдените законски рокови. Препораката од агенцијата за пошти во пресрет на новогодишните празници секогаш да користат лиценцирани даватели на поштенски услуги кои можат да го најдат на регистерот на поштенски даватели“, велат од Агенција за пошти.

Од Асоцијалијата за Е-Трговија велат дека граѓаните треба да бидат внимателни кога купуваат од трговци на Фејсбук. Поголемиот дел од нив не се регистрирани како компанија, а со тоа купувачот не добива потврда за нарачката. Кај легалните за плаќањето се одвива онлајн, или ако се плаќа во ќеш ќе мора однапред да побараат фискална сметка или готовинска фактура, која е опфатена со законот за Е-Трговија.

„Пласиравме е-беџ за верификуван трговец кој на некој начин прави дистинкција помеѓу Е- трговците кои ги задоволуваат основните правни регулативи кои што се наметнати. Но сепак има и Е- трговци кои немаат, бидејќи за тој беџ треба прво да аплицираат трговците да се направи проверка дали е се како што треба.“

Според објавените резултати за 2021 година од страна на Државниот завод за статистика, е-трговијата бележи пораст од 15.5%. Информациите пак покажуваат дека во последните 12 месеци е забележан раст, односно 46,3% од интернет корисниците нарачале или купиле онлајн. Македонците како и во минатите години, најмногу купувале облека вклучително и спортска опрема или 66,6% и спортска опрема 16,3%,  додека другите категории на производи немаат значително учество и промени во однос на минатата година. Она што е особено значајно за е-трговците е дека Македонците најмногу онлајн купувале од продавачи од земјата, односно од домашни е-продавници или 84,4%.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП