18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСити не се предаде и ги победи ПСЖ, Жуниор Месијас е херојот...

Сити не се предаде и ги победи ПСЖ, Жуниор Месијас е херојот на Милан!

На преполниот „Етихад“, навивачите на Манчестер сити имаа шанса да го видат најубиственото трио во модерниот фудбал, Лео Меси-Нејмар-Килијан Мбапе, и иако губеа, направија камбек за 2:1 победа над Пари Сен-Жермен во мечот на двата најбогати клубови на светот (доколку не се смета Њукасл јунајтед).

Лео Меси ја покажа својата моќ откако го „посрамоти“ Рахим Стерлинг со еден дриблинг на стартот на мечот, а потоа беше и асистент на водечкиот гол на Килијан Мбапе во 50. минута од мечот, но на крајот, Сити стигна до победата. Токму Стерлинг одговори со гол во 63. минута за израмнување, пред Габриел Жесус да обезбеди победа на „граѓаните“ во 76. минута со која го обезбедуваат првото место во групата А.

Седумкратните шампиони во ЛШ, Милан, пак, конечно стигнаа до својата прва победа во овогодишното натпреварување, шокирајќи ги Атлетико Мадрид на „Ванда метрополитано“ за да останат во игра за осминафиналето.

Жуниор Месијас, Бразилецот кого го донесоа од Кротоне, и кој емигрираше во Италија да биде доставувач на машини за перење, во 87. минута го совлада Облак за неверојатен триумф на „росонерите“. За пласман во осминафиналето, на Милан им треба победа над Ливерпул во последното коло, но и Порто да не го победи Атлетико во последното коло.

Реал Мадрид пак, се реваншираше за шокантниот домашен пораз од Шериф Тираспол, со победа од 3:0 на гостувањето во Молдавија. Давид Алаба (30.), Тони Крос (45.) и Карим Бензема (56.) на денот на кој беше осуден за скандалот со уценувањето на Матју Валбуена, донесоа победа со која „кралевите“, но и Интер се сигурни во осминафиналето на ЛШ.

Малку е веројатно меѓу најдобрите 16 да биде Борусија Дортмунд, откако во клучниот меч, загубија со високи 3:1 кај Спортинг Лисабон. Иако имаат 6 поени во споредба со 9-те на Спортинг и во последното коло дома играат со Бешикташ, додека Спортинг гостува кај Ајакс, гол-разликата на португалскиот клуб е убедливо подобра од таа на „милионерите“.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 5.КОЛО

ГРУПА А

Манчестер сити – Пари Сен-Жермен 2:1

Клуб Бриж – РБ Лајпциг 0:5

ГРУПА Б

Атлетико Мадрид – Милан 0:1

Ливерпул – Порто 2:0

ГРУПА Ц

Спортинг Лисабон – Борусија Дортмунд 3:1

ГРУПА Д

Шериф Тираспол – Реал Мадрид 0:3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП