среда, јануари 19, 2022
ПочетнаСПОРТБИЗОфицијално – Оле Гунар Солскјер си замина од Манчестер јунајтед!

Официјално – Оле Гунар Солскјер си замина од Манчестер јунајтед!

Тоа што долго време се најавуваше, а беше сосема очекувано, се потврди – Манчестер јунајтед потврдија дека му врачиле отказ на Оле Гунар Солскјер, еден ден по засрамувачкиот 4:1 пораз од Вотфорд.

„Оле секогаш ќе биде легенда на Јунајтед и со жалење стигнавме до оваа тешка одлука. Последните недели беа многу разочарувачки, но тие не треба да ја затскријат работата која тој ја заврши во последните три години за поставување на темели за долгорочен успех. Оле си заминува со наша најискрена благодарност за неговата неуморна работа како менаџер и му посакуваме најдобро во иднината. Неговото место во историјата на клубот секогаш ќе биде сигурна, не само за неговата приказна како фудбалер, туку како голем човек и менаџер кој ни даде големи моменти. Секогаш ќе биде добредојден на ‘Олд Трафорд’ како дел од семејството на Манчестер јунајтед. Мајкл Керик ќе го преземе тимот за следните натпревари, додека клубот бира преоден менаџер до крајот на сезоната“, се вели во објавата на Манчестер јунајтед.

Шпекулациите во британските медиуми велат дека Солскјер ќе си замине со отштета од 7.5 милиони фунти, а на „ѓаволите“ сега им преостанува избор на нов менаџер, што нема да биде лесна задача.

Зинедин Зидан, легендарниот фудбалер и тренер на Реал Мадрид, се посочува како прв избор на газдите, американското семејство Глејзер, но во игра се и Брендан Роџерс од Лестер, како и Маурисио Почетино од Пари Сен-Жермен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ НЕ

91,744фановиЗаследи
2,161следбенициЗаследи
1,419следбенициЗаследи