17 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАОткажана денешната аукција на државни хартии од вредност

Откажана денешната аукција на државни хартии од вредност

ministerstvo-za-finansii-564x272

Министерството за финансии ја откажа денешната аукција на државни хартии од вредност. Ова е трет пат во еден месец Министерството да откаже предвидена аукција на државни записи и обврзници.

– Целта е да се излезе во пресрет на барањето на бизнис заедницата за зголемување на понудата на пазарот на капитал со оставање повеќе слободни средства кај банките кои понатаму би се пласирале како кредити, се вели во соопштението од Министерството за финансии.

Буџетот пак, наведуваат од Министерството, има добра ликвидност и редовно се сервисираат буџетските обврски – исплатата на плати и пензии, обврски кон стопанството по основ на ДДВ и фактурирани работи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП