20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАријан Адеми ќе паузира два месеци

Аријан Адеми ќе паузира два месеци

Аријан Адеми ќе го пропушти остатокот од есенскиот дел од сезоната. Адеми се повреди во понеделникот на натпреварот Македонија – Германија (0:4).

Каи Хаверц, по еден дуел, падна врз ногата на Адеми. Во таа 29-та минута беше забележливо дека повредата не е наивна. Адеми се обиде да продолжи, но по неколку минути го напушти теренот.

По враќањето во Загреб, му биле извршени детаљни прегледи, кои покажале дека ќе мора да паузира од фудбалот во наредните два месеца.

Динамо Загреб соопшти дека Адеми си го повредил зглобот.

Хрватскиот шампион годината ќе ја затвори на 15 декември, сигурно е дека клубот нема да брза со неговото враќање.

Ова е втора потешка повреда на Адеми од почетокот на сезоната. Во јули на натпреварот со Омонија си го повреди мускулот на десната нога поради што пропушти десет натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП