29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПортугалија со 30 удари “го бомбардираше“ голот на Катар, Роналдо руши рекорди

Португалија со 30 удари “го бомбардираше“ голот на Катар, Роналдо руши рекорди

Фудбалската репрезентација на Португалија славеше победа со 3-0 во пријателскиот меч против Катар, домаќинот на следното СП.

Дефанзивците од првата постава на Португалија синоќа одмораа, но Кристијано Роналдо го предводеше нападот и на мечот домаќините упатија дури 30 гола кон противничкиот гол, од кои 10 одеа во рамките на голот, а три од нив го најдоа патот до мрежата.

Токму Ронадо прв прецизно стрелаше во 37 минута, по асистенцијата на Далот.

Веднаш на стартот на вториот дел во 48 минута Вилијам Карваљо шутираше со глава, голманот на Катар одбрани, на на одбиената топка натрча стоперот Жозе Фонте за 2-0.

На крајот на мечот Леао центрираше од левата страна, а Андре Силва со глава го постави конечниот резултат.

Со синоќешниот погодок, Роналдо продолжи да испишува рекорди. Тоа за него беше 112-ти интернационален гол, прв против Катар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП