петок, јануари 28, 2022
ПочетнаСПОРТБИЗБарем на еден каталонски клуб му оди – Еспањол го шокираше Реал!

Барем на еден каталонски клуб му оди – Еспањол го шокираше Реал!

Реал Мадрид го доживеаа својот прв пораз во новата сезона во Ла лига, откако во Барселона, новиот прволигаш Еспањол успеа да стигне до зачудувачка 2:1 победа над тимот на Карло Анчелоти.

Раул де Томас во 17. минута по една убава акција донесе водство за вториот најпопуларен фудбалски клуб од Барселона, пред во 60. минута, Алеиш Видал во 60. минута да ја наттрча цела одбрана на „кралевите“ за прекрасен соло-гол и уште поневеројатно 2:0 водство.

Карим Бензема во 71. минута најави камбек на „кралевите“ по асистенцијата на Лука Јовиќ, но до крајот на мечот немаа доволно сила за пресврт.

За тимот на Анчелоти ова е прв пораз во осум кола во шпанската Ла лига и иако остануваат на првото место на табелата со 17 поени, сега се израмнети со второполасираниот Атлетико, кој вчера немаше проблем со најпопуларниот клуб од Барселона за да стигне до 2:0 победа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП