26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСветот доби нов боксерски крал, Усик му ги соблече сите појаси на...

Светот доби нов боксерски крал, Усик му ги соблече сите појаси на Џошуа пред 70.000 луѓе во Лондон

Новиот светски боксерски шампион во тешка категорија е Украинецот Олександр Усик (34), кој го победи досегашниот шампион Ентони Џошуа (31) на поени, со едногласна одлука на судиите, на стадионот Тотенхем, пред 70.000 љубители на боксот.

На овој начин, Усик ги презеде појасите од Џошуа во сите четири верзии (WBO, IBF, WBA и IBO) и стана само третиот човек во историјата на боксот, по Ивандер Холивуд и Дејвид Хеј, кој во две тежински категории( крузер и тешка) ги обедини сите појаси.

Благодарение на поубедливиот настап, поефикасните удари и правилната тактика, Украинецот помина како победник кај судиите по 12 рунди исцрпувачка борба со Британецот, за конечни 117-112, 116-112, 115-113.

Усик заработи најмногу поени за време на третаата рунда кога вложи многу енергија и сила кон Британецот, му зададе неколку силни удари и ја презеде контролата над натпреварот како што одминуваше времето.

Украинецот тогаш почувствува дека има капацитет да продолжи во ист ритам, иако мора да се признае дека заврши и одлична тактичка работа, без преголем ризик, но повторно со бројни паметни напади и удари со кои го отвори ривалот.

Џошуа немаше каде да оди по налетот на Украинецот, рундите се редеа, а после секоја беше јасно дека Усик има предност и дека ќе остане така ако Џошуа не најде начин да ја сврти ситуацијата во негова корист.Се очекуваше британецот да возврати, публиката го носеше додека минуваше низ кризни моменти, но ова не беше негова вечер. Добро потресен, претепан, Џошуа немаше сили да му зададе вистински удар на ривалот кој не дозволи победата во кариерата да му избега.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП