19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕмилијано Мартинез: "Роналдо ти шутирај го пеналот"

Емилијано Мартинез: “Роналдо ти шутирај го пеналот”

Манчестер јунајтед не успeа да ја победи Астон Вила. На „Олд Трафорд“, гостите ја однесоа победата (0:1). Бруно Фернандеш, во 93.минута не успеа да реализира пенал.

Прашање на денот е зошто Кристијано Роналдо не ја зеде топката, кога беше досуден пеналот за Јунајтед.

Можеби сакаше да покаже почит кон сонародникот Бруно Фернандеш, кој од доаѓањето во клубот ги шутирз пеналите, а можеби и падна на провокациите од голманот на Вила, Емилијано Мартинез.

Аргентинецот сакаше Роналдо да го изведе пеналот, покажа и со прст кон него: „Ти шутирај го пеналот, ти шутирај“.

На крајот Бруно го промаши голот, а Мартинез со соиграчите ја прослави победата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП