Светот веќе е во доволно проблеми околу електронскиот отпад, а криптовалутите само го влошуваат проблемот. На годишна основа, дигиталните монети произведуваат количини електронски отпад што се еднакви со оние што може да се акумулираат од земја со големина на Холандија.
Експертите веќе некое време се согласуваат дека криптовалутите се лоши вести за планетата, бидејќи имаат катастрофално влијание врз животната средина. Најголемо внимание се посветува на јаглеродниот отпечаток и потрошувачката на електрична енергија, додека производството на електронски отпад е оставено настрана. Една нова студија укажува токму на тој проблем, бидејќи истражувачите смислиле методологија за да одредат колку електронски отпад се произведува годишно поради биткоинот.

